Душан Константинов
Душан Константинов (роден на 17 мај 1924 година во Крагуевац - починал на 20 јануари 2002 година во Битола) — македонски етнолог, публицист, книжевник (автор на драмски дела), интелектуалец од висок профил, полиглот, научен работник, историчар, еден од основачите на Друштвото за наука и уметност - Битола и прв секретар, човек што објавил голем број на трудови од научен, публицистички карактер.
Душан Константинов | ||
Роден | 17 мај 1924 Крагуевац, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 20 јануари 2002 Битола, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | историчар, етнолог, преведувач |
Животопис
уредиДушан Константинов е роден во 1922 година во Крагуевац (Србија). Основно образование стекнал во родното место, средно образование во Битола, а Филозофски факултет во Скопје. Докторирал двапати - првата тема му била од областа на етнологија (за печалбарството) и втората за револуционерното дело на Дамјан Груев.
Бил [[етнолог и историчар, издавач на весници и одделни публикации, еден од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола, [[полиглот (со познавање на над 20 јазици) и со две дисертации одбранети на Универзитет „Свети Кирил и Методиј” во Скопје (на Природно-математичкиот факултет) од областа на етнологијата на тема „Печалбарството во Македонија” и на Филозофскиот факултет од областа на националната историја на тема „Дамјан Груев Личноста на револуционерот, неговата улога и неговото место во македонското револуционерно и народноослободително движење” (1980).
Творештво
уредиПокрај научна, новинарска, книжевна и пубицистичка дејност, тој се занимавал и со преведување. Автор е на компаративен превод на Светото писмо од староеврејски (јидиш) со користење на преводите на грчки, латински, старословенски и преводите на современите светски јазици на современ македонски јазик во 1997 година[1]. Автор е и соавтор на над 50 книги и голем број библиографски единици за македонското минато; често како соавтор со брат му Милош Константинов. Како библиофил, оставил лична библиотека од околу 50.000 книги.
Неговиот придонес е голем во расветлувањето на организацијата и настаните во Илинденскиот период и голем број револуционери и организатори од тоа време. Душан Константинов со портрет и со биографски податоци е застапен во енциклопедијата „Луѓе на успехот“ на Кембриџ, Англија.
Библиографија
уреди- Хроника на битолско Лавци, Битола, 1962 (со соавтори);
- Летопис на Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Југославија – Битола (1941-1944), Битола, 1963 (со соавтори);
- Пуста Река, Битола, 1963 (со соавтори);
- Битола. Скица за водичот, Битола, 1964 (со соавтор);
- Противпожарната активност во Битола, Битола, 1964 (со соавтор);
- ПТТ во Македонија – општ осврт врз историскиот развој, Скопје, 1970 (со соавтори);
- Синдикатите во Скопје (1900-1908-1971).
- Прилог за историјата на работничкото и синдикалното движење, Скопје, 1971 (со соавтори);
- Драмски театар – Скопје (1946-1976). Триесет години творечки подем, Скопје, 1976 (со соавтори);
- Илустрирана Библија за млади, Загреб, 1977 (соавтор на македонскиот превод, заедно со римокатоличкиот свештеник Петар Ташев);
- Кратка етничка и културна историја на македонскиот народ (КЕКИМАН), кн. 1, Скопје-Битола, 1978 (со соавтори);
- Печалбарство, дисертација, Битола, 1984;
- Дамјан Груев, дисертација, Смилево, 1984. С. Мл. Јанко Константинов
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Константинов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 728. Text "series " ignored (help)