ПТТ
ПТТ (акроним од Пошта, телеграф и телефон) – јавен сервис за комуникациски услуги (писма, пакети, телефон, телеграм).[1] Во текот на дваесеттиот век бил вообичаен назив за монополистичките претпријатија кои би обезбедувале наведените услуги.
Со развојот на технологијата, поштата која како претпријатие вршело пренос на пораки, преминала, барем делумно, на нови видови комуникации, па поштите ширум светот развиле сопствени комуникациски мрежи и технологии за телеграфија, а потоа и за телефонија.
Експлозивниот развој на телекомуникациите особено во последната третина на дваесеттиот век и со појавата на дигиталните телекомуникации, сметачи, факс-машини, микрообработувачи, пејџери, мобилни телефони и Интернет, телеграфот потполно ја изгубил својата смисла, па и како услуга и како техника се гаси.
Телекомуникациите како високопрофитабилни се одвојуваат од државата како и од помалку профитабилните пошти. Во Македонија тоа се случило во 1996 година, кога се формирало претпријатието за телекомуникации „Македонски телекомуникации“, и претпријатието за поштенски сообраќај „Македонска пошта“.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ПТТ“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта Македонски телекомуникации. Книгоиздателство Ми-Ан. стр. 221. ISBN 9989-613-03-6.