Македонско научно друштво - Битола

Македонското научно друштво од Битола е организација којашто се занимава со научни прашања од различни области.

Историјат

уреди

Македонското научно друштво - Битола ги имало следниве називи:

  • Научно Друштво (1960-1968)
  • Друштво за наука и уметност-Битола (1968-2002)
  • Македонско научно друштво-Битола (2002-....)

Со решение Бр. 04-3214/60 од Секретаријатот за внатрешни работи на Општината Битола, на 25. април 1960 година,во просториите на Државниот архив-Битола, формирана е првата научна асоцијација под името Научно друштво-Битола. Иницијатори за формирањето беа група битолски интелектуалци и тоа: Милош Хр.Константинов-архивист, Душан Хр.Константинов, Коста Хр.Цингаровски-архивист, Тодорка Хр.(Спанакова) Дога-пом.архивист, Теко И.Таип-службеник, Олга Кривашија-проф. по историја, Велимир Ј.Костовски-проф. по географија, инж.Живко Паришко, Александар Ѓ.Тодоровски-проф. по биологија, Јован Д.Кочанковски-наставник по историја, Томе Ивановски-правник, Димитар Димитровски-наставник по македонски јазик и Владимир Ивановски-учител.

Првиот претседател на Научното друштво е професорот по македонски јазик Живко Василевски, а секретар Душан Хр.Константинов. Тогаш беше донесен и првиот нормативен акт, наречен Правилник за работа, со вкупно 13 члена ,а било одлучено да се издава и научно гласило на Друштвото, наречено ,,Прилози”.

Првата редакција на Списанието ја сочинуваат:д-р Милош Хр.Константинов,главен и одговорен уредник и членовите Коста Ан.Цингаровски, Димитар Димитровски-Такули и Тодорка Хр.(Спанакова) Дога.

Одделенија

уреди

Друштвото го сочинуваат следните одделенија:

  • Одделение за општествени науки
  • Одделение за правни науки
  • Одделение за природни науки
  • Одделение за применети науки и медицина
  • Одделение за технички науки
  • Одделение за уметност
  • Одделение за лингвистика и литература
  • Одделение за историско-географски науки

Надворешни врски

уреди