Дренак (Пробиштипско)
Дренак (порано познато како: Дренок) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Дренак Дренок | |
Поглед на селото Дренак | |
Координати 42°00′40″N 22°05′58″E / 42.01111° СГШ; 22.09944° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21011 |
Дренак на општинската карта Атарот на Дренак во рамките на општината | |
Дренак на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река.[2] Селото е ридско, а од градот Пробиштип селото е оддалечено 7 километри.[2]
До селото се стигнува преку локален асфалтен пат, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Стрмош.
Селото се наоѓа во подрачјето на планината Манговица.
Историја
уредиПодрачјето на Дренак е населено уште од доцната антика и од доцноримското време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]
Во 2014 година селото е официјално преименувано во Дренак.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 314,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 210,4 хектари, а на шумите само 3,6 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 205 жители, од кои 105 Македонци и 100 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 229 жители, а во 1994 година само 31 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дренак живееле 26 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 205 | 120 | 182 | 208 | 229 | 215 | 96 | 34 | 31 | 26 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиДренак е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Алексовци (21 к.) и Краљевци (12 к.).
- Доселеници: Барбаревци (9 к.), доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Барбарево.
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Дренак било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Дренак, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1541 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[3]
- Бурилчевски Рид — населба од доцноримското време;
- Градиште — опидум од доцноантичкото време; и
- Мијалница — населба и некропола од римското и доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Троица“ — манастирска црква.
- Манастири
- Костомарски манастир — манастир сместен високо на Манговица
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Селска чешма
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 115.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 321. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 ноември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-13. Посетено на 13 ноември 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.