Бурилчевски Рид (Дренак)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Бурилчевски Рид“
| |
Местоположба | 41°52′32″N 22°12′40″E / 41.87556° СГШ; 22.21111° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дренак (Пробиштипско) |
Општина | Пробиштип |
Тип |
|
Период | доцноримско време |
Портал „Археологија“ |
Бурилчевски Рид — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Дренак. Претставува населба од доцноримското време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на поголем дел од просторот што е сопственост на земјоделската задруга од Пробиштип. При обработувањето на земјата биле откриени темели од повеќе објекти, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл.). Најдена е и една добро зачувана надгробна стела која е сместена во дворот на гимназијата во Пробиштип.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 322. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |