Дреново (Порече)

село во Општина Македонски Брод

Дреново — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Дреново

Поглед на селото Дреново

Дреново во рамките на Македонија
Дреново
Местоположба на Дреново во Македонија
Дреново на карта

Карта

Координати 41°27′55″N 21°14′13″E / 41.46528° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.46528; 21.23694
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03016
Надм. вис. 933 м
Дреново на општинската карта

Атарот на Дреново во рамките на општината
Дреново на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во најјужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.146,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 124,8 хектари, а на обработливото земјиште 88,6 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат од селото Сланско.

Историја уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 христијански и 1 муслиманско семејство, како и 1 неженет христијанин.[3]

Во XIX век, Дреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948214—    
1953240+12.1%
1961187−22.1%
1971121−35.3%
198159−51.2%
ГодинаНас.±%
199145−23.7%
199438−15.6%
200233−13.2%
202117−48.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дреново имало 220 жители, сите Албанци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 29 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Последните Албанци се иселиле од селото во 1950-тите години од минатиот век.

Дреново е мало село, коешто во 1961 година броело 187 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 38 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дреново имало 33 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 214 240 187 121 59 45 38 33 17
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Дреново е македонско село, а во минатото некое време било албанско.[13]

Родови во селото се: Мишковци (6 к.), Василевци (3 к.), Петревци (3 к.), Шундовци (3 к.), Василковци (3 к.), Докузовци (3 к.), Најдовци (2 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Ѓермановци (2 к.), Палистрага (2 к.), Лешковци (1 к.), Аџијовци (1 к.) и Марковци (1 к.), сите наведени родови се доселени од соседното село Сланско; Шејтановци (3 к.), доселени се од селото Латово, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од Велешко.

Самоуправа и политика уреди

 
Дреновска Река низ селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Брод, Девич, Грешница, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0228 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Реки

Иселеништво уреди

До 1956 година албанското население се иселило од селото. Околу 35 семејства се иселиле во Турција, во Бурса и Адапазар. Само мал дел во Саждево, Житоше и Дебреште.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 114. Посетено на 7 октомври 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.210
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 октомври 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.

Надворешни врски уреди