Црвена земја
„Црвена земја“ (српски: Црвена земља) — југолсовенски филм од 1975 година, дело на режисерот Бранимир Тори Јанковиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Деметер Битенц, Драгана Борковиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра, Љубиша Самарџиќ, Душан Јаниќијевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ итн.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 1941 година, во Краљево. Германскиот окупатор презема широка акција за апсење на комунистите така што тие се принудени да пребегаат во планините каде им се приклучуваат на партизанските одреди. Германската војска, пак, ги затвора работниците во фабриката. Набргу, партизаните го напаѓаат Краљево со цел да го ослободат, но нивниот обид не успева. За да се одмазди, германската војска ги стрела работниците.