Некоја друга жена
„Некоја друга жена“ (српски: Нека друга жена) — југословенски филм од 1981 година во режија на Миомир Стаменковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Мерима Исаковиќ, Љубиша Самарџиќ и Петар Краљ.
Синопсис
уредиЕден познат гинеколог е убиен под необични околности: вратата на неговиот стан е најдена отворена, а во работната соба инспекторите наоѓаат инјекција и скршено шишенце со морфиум, меѓутоа пиштолот со кој е убиен гинекологот не е пронајден. Убиството се совпаѓа со доаѓањето на неговата сопруга од странство, но и со откритието дека тој имал љубовница, студентка која е наркоманка...[1]