Во расчекор (филм)
„Во расчекор“ (српски: У раскораку) — југословенски филм од 1968 година, во режија на Миленко Штрбац, кој е и автор на сценариото. Улогите ги толкуваат: Драгомир Бојаниќ Гидра, Гизела Вуковиќ, Драгомир Фелба, Данило Бата Стојковиќ, Душан Јаниќијевиќ, Петар Божовиќ, Јован Јаниќијевиќ Бурдуш, Љуба Тадиќ, Драган Зариќ, Иван Бекјарев, Љиљана Јовановиќ, Станислава Пешиќ, Љубиша Самарџиќ итн.[1]
Синопсис
уредиЗа време на обновата на земјата, еден активист во обидот да ја спаси задружната кола го крши ’рбетот. Така, тој останува инвалид и принуден е да се бори за гол живот. Меѓутоа, наместо решение за инвалидска пензија, тој добива одликување и станува главен јунак во една телевизиска емисија која предизвикува неколку далекусежни последици како за авторот на емисијата така и за инвалидот...