„Момчето Мита“ (српскохрватски: Дечак Мита) — југословенски филм од 1951 година, режиран од Радош Новаковиќ. Главните улоги ги играат: Растислав Јовиќ, Драгомир Фелба и Љубиша Јовановиќ.[1].

Синопсис

уреди

Момчето Мита, наместо да замине во Белград, му пристапува на илегалното движење против окупаторот. Германците, кои во меѓувреме го окупираат Белград, го започнуваат прогонот на комунистите. Многу од нив гинат, но Мита успева некако да се пробие до слободната територија, заедно со девојката со која првобитно се упатил кон Белград.

Наводи

уреди