Вишна на Ташмајдан
„Вишна на Ташмајдан“ (српски: Вишња на Ташмајдану) — филм на режисерот Столе Јанковиќ од 1968 година. Главните улоги ги играат: Неда Арнериќ, Гојко Друловиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Бранко Цвејиќ, Миодраг Фелба, Жарко Данчуо, Арсен Дедиќ итн.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажуваат раѓањето и текот на љубовта меѓу двајца млади — Вишња (ја игра Арнериќ) и Миша (го игра Друловиќ), со сите убавини и тешкотии што ги носи таа. Поради преголемата динамика и лажните вредности на современиот живот доаѓа до гасење на таа чиста љубов. Имено, Миша сфаќа дека Вишња не е девојка каква што му треба нему.