Отпишаните (филм)
„Отпишаните“ (српски: Отписани) – југословенски филм од 1974 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ по сценариото на Драган Марковиќ и Синиша Павиќ, а автор на музиката е Миливоје Марковиќ. Филмот, снимен во продукција на ТВ Белград, претставува спој на првите две епизоди од истоимената телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Воја Брајовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Владан Холец, Раде Марковиќ, Слободан Алигрудиќ и Стево Жигон.[1] [2]
Синопсис
уредиВо текот на Втората светска војна, дознавајќи дека Германија го нападнала Советскиот Сојуз, група млади членови на СКОЈ решаваат да основаат тајна група која ќе му се спротивстави на германскиот окупатор. Најпрвин, тие успеваат од главната болница да ослободат една жена, членка на штабот, која е уапсена од Гестапо. Потоа, групата успева да уништи една голема гаража на германската војска.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |