Езеро (филм од 1950)
„Езеро“ (српскохрватски: Језеро) — филм на режисерот Радивоје Лола Ѓукиќ од 1950 година. Главните улоги ги играат: Мирослав Беловиќ, Карло Булиќ, Драгутин Добричанин и Драгомир Фелба.[1]
Синопсис
уредиПо завршувањето на Втората светска војна започнува изградбата на хидроцентрала на реката Неретва, но тешките временски услови и селаните, кои се противат на потопувањето на нивните имоти, ја попречуваат градбата. Покрај тоа, некои луѓе, од идеолошки побуди, вршат саботажа. Сето тоа предизвикува низа драматични настани, но по завршувањето на градбата, кога целиот крај добива електрична енергија, сите сфаќаат дека техничкиот напредок им носи корист...