„Тигар“ – југословенски филм од 1978 година, во режија на Милан Јелиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љубиша Самарџиќ, Славко Штимац, Вера Чукиќ, Велимир Бата Живојиновиќ и Павле Вуисиќ.[1]

Синопсис

уреди

Едно момче, наречено Тигар, аматерски се бави со бокс и поради тоа ги запоставува училиштето и личниот живот, не мислејќи за тоа што ќе работи кога ќе престане да боксува. Сепак, Тигар е многу чесен и секогаш сака да го заработи лебот со работа. Најпрвин, тој работи како ноќен чувар, а потоа како возач на камион-ладилник. Еднаш, случајно среќава едно момче, ситен крадец, и меѓу нив се раѓа необично пријателство. Тигар настојува да го превоспита младиот престапник, но крадецот е подобар педагог од Тигар и полека го влече на својата страна.

Наводи

уреди