Пред вистината (филм)
„Пред вистината“ (српски: Пре истине) — југословенски филм од 1968 година, во режија на Војислав Кокан Ракоњац. Ова е претпоследниот филм на Ракоњац, а во него се прикажани снимки од демонстрациите против американското учество во Виетнамската војна, како и еден од најобемните прикази на белградските фасади од тоа време. Главните улоги ги толкуваат: Бранко Плеша, Љуба Тадиќ, Весна Крајина и Оливера Марковиќ.[1]
Синопсис
уредиДваесетина година по завршувањето на Втората светска војна, Младен Стојановиќ е сменет до должноста и прерано пензиониран. Така, од провинцијата, тој оди бо Белград за да побара помош од другарите од времето на партизанските денови. Меѓутоа, некогашните пријатели не сакаат да го примат. Младен ја среќава својата поранешна девојка и со неа закажува состанок, но случајно тие се разминуваат, а Младен оди во подрумот на хотелот „Мажестик“ каде го препознава Страхиња Петровиќ. Дваесет години претходно, како партизан, Младен добил наредба да го стрела Страхиња (го игра Тадиќ), кој како четник бил заробен од партизаните. Страхиња останал жив, зашто куршумот на Младен само лесно го ранил. Сега, состојбата е спротивна: Младен е отфрлен од своите поранешни соборци, а Страхиња е успешен белградски адвокат. Двајцата ја минуваат ноќат заедно во друштво на жени со сомнителен морал, а човечкото во нив ги надминува идеолошките разлики. Сега, Младен е гостин на Страхиња и меѓу нив се раѓа пријателство, а Страхиња е единствениот човек кој му нуди помош на Младен.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |