’Рбет (филм)
’Рбет (српски: Кичма) — филм на режисерот Влатко Гилиќ од 1975 година. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Предраг Лаковиќ, Мира Бањац, Милутин Бутковиќ, Јелисавета Сека Саблиќ, Нада Шкрињар, Мирољуб Лешо, Неда Спасојевиќ, Рената Улмански, Драгомир Фелба и Данило Бата Стојковиќ.[1]
Синопсис
уредиЕдна ноќ, група облакодери кои личат на тврдина е обвиткана од смог, а тоа предизвикува паника меѓу станарите. Заедничката опасност ги открива истрошените меѓучовечки односи, себичноста, недостатокот од љубов. Истовремено, таквата состојба ја враќа смислата за универзалностна на човечката егзистенција, за хуманизмот и сочувството со другите луѓе.