Дом на хрватските ликовни уметници
Оваа статија е за зградата на поранешната џамија од 1941-1945. За современата џамија, видете Загрепска џамија.
Дом на хрватските ликовни уметници | |
---|---|
Dom hrvatskih likovnih umjetnika | |
Поранешни називи | Домот на ликовните уметности „Крал Петар Велики еманципаторот“, Музеј на Револуцијата |
Мештровиќев павилјон, Џамија | |
Општи податоци | |
Вид | Ротонда |
Град | Загреб |
Земја | Хрватска |
Координати | 45°48′36″N 15°59′14″E / 45.81000° СГШ; 15.98722° ИГД |
Почната | август 1934[1] |
Завршена | 1938 |
Пуштена во употреба | 1 декември 1938 (како дом на ликовни уметници), 18 јули 1944 година (како џамија), 15 април 1955 година (како музеј) |
Обновена | 2001-2003, 2006 |
Урната | 1949 (само минарињата) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Иван Мештровиќ (главен и првичен архитект), Звонимир Пожгај (главен архитект за преуредување во џамија), Вјенчеслав Рихтер (главен архитект за преуредување во музеј), Андрија Мутњаковиќ (главен архитект за преуредување во првичниот облик) |
Дом на хрватските ликовни уметници (хрватски: Dom hrvatskih likovnih umjetnika) , познат и како Мештровиќев павилјон (хрватски: Meštrovićev paviljon) и разговорично како Џамија (хрватски: Džamija), ― културно здание и службено седиште на Хрватското друштво на ликовни уметници (ХДЛУ), сместено на Плоштадот на жртвите на фашизмот во средиштето на Загреб, Хрватска. Дизајниран од Иван Мештровиќ и изграден во 1938 година, тој служел неколку функции во својот животен век. Уметничка галерија пред Втората светска војна, таа била претворена во џамија под Независна Држава Хрватска и потоа била преобразема во Музеј на револуцијата во повоена Југославија. Во 1990 година, бил вратен на Хрватското друштво на уметници. По обемното обновување, тој служи како простор за изложби и настани почнувајќи од 2006 година.
Историја
уредиПочеток
уредиВо раните 1930-ти, Хрватското уметничко друштво „Јосип Јурај Штросмаер“ барало нов изложбен простор. Во тоа време, вајарот Иван Мештровиќ, тогашен претседател на Уметничкото друштво „Штросмаер“, добил задача да создаде скулптура во чест на кралот Петар I за на Плоштадот „Крал Петар“ (хрватски: Trg kralja Petra) во Загреб.
Препознавајќи можност за комбинирање на овие две потреби, Мештровиќ предложиl наместо една скулптура, на плоштадот да биде подигната цела зграда. По извесни преговори, предлогот на Мештровиќ бил прифатен и во 1933 година била основана донација за изградба на Домот на ликовните уметности „Крал Петар Велики еманципаторот“[2]
Првична конструкција и распоред
уредиМештровиќ го дизајнирал прелиминарниот концепт за зградата во 1933 година. Архитектите Ладислав Хорват и Харолд Билиниќ, кои често соработувале со Мештровиќ, изготвиле подробни планови врз основа на идејното решение на Мештровиќ.[3] Добиената зграда била една од првите кружни изложбени сали во регионот.
Внатрешноста била дизајнирана да прими три категории на уметност: скулптури, слики и фотографии/дела на хартија. Главниот влез на павилјонот се отвора во предворие опкружено од двете страни со скали. Непосредно напред е средишниот изложбен салон, цилиндричен простор дизајниран за изложување на скулптури. Над влезот на овој простор е прикажан релјеф на кралот Петар I од Иван Мештровиќ. Скалите водат до кружна изложбена сала. Помал, концентричен изложбен салон се отвора во цилиндричниот простор и нуди поглед на галеријата подолу.
Куполата на павилјонот, планирана од архитектот Звонимир Кавуриќ, е составена од тркалезни стаклени плочки 57 мм дебели и 125 мм во дијаметар, поставена во бетонска обвивка со дебелина од 5 мм, дозволувајќи природна светлина да ги исполни изложбените сали.[4]
Уметничката сала била отворена на 1 декември 1938 година со Половина век хрватска уметност, голема ретроспективна изложба.[5]
Џамија
уредиПавилјонот функционирал како уметничка галерија само три години пред да биде претворен во џамија во 1941 година, на почетокот на Втората светска војна, како гест на Независна Држава Хрватска кон босанските и хрватските муслимани. Архитектот Звонимир Пожгај го предводел проектот за прилагодување на внатрешноста на павилјонот за подобро да одговара на функциите на џамијата, а Стјепан Планиќ ја дизајнирал надворешноста на џамијата. Пожгај значително ја променил внатрешноста на павилјонот, воведувајќи нов таван од железо и бетон под првичниот таван за да го реши проблемот со температурата и акустиката. Според плановите на Планиќ три минариња со димензии 45 м во висина биле поставени околу павилјонот, но надворешноста на зградата не била изменета.[6] Планиќ додал и фонтана опкружена со клупи пред главниот влез на зградата.[7] Внатрешноста на џамијата била украсена со шаблони од штуко засновани на рани хрватски мотиви на лента создадени од вајарите Ботухински, Брил, Иванковиќ, Жан, Лобода, Лозица, Матијевиќ, Папиќ, Пениќ, Периќ, Радауш, Штиглер и Туркаљ.[8]
Џамијата била отворена на 18 јули 1944 година[1] и функционирала до 1945 година. Во 1949 година, минарињата биле урнати, а внатрешниот декор биде отстранет за да биде отворен простор за новиот Музеј на револуцијата.[9]
Музеј на Револуцијата
уредиАрхитектот Вјенчеслав Рихтер го предводела проектот за дизајнирање на Музејот на Револуцијата, кој требал да прикажува документи кои се однесуваат на партизанските битки за време на Втората светска војна.[10] Рихтер додал дополнителен кат и нови скали во внатрешниот простор и изградил нови ѕидови за да го скрие нејзиниот кружен облик. Сите додатоци на Рихтер биле дизајнирани да бидат прицврстени на првичната структура, за да можат да бидат отстранети без да му наштетат на внатрешноста на зградата.[11] Музејот на Револуцијата службено бил отворен на 15 април 1955 година.[12]
Преправање и обновување
уредиДо средината на 1980-тите, дискусиите за функцијата на павилјонот биле обновени, а во 1988 година, кустосите на Музејот на револуцијата ги поканиле архитектите Иван Црнковиќ и Дубравка Кисиќ да изготват студија за изводливоста да биде вратен павилјонот во неговиот првичен облик. Во мај 1990 година, Хрватското здружение на ликовни уметници (ХДЛУ), предводено од Анте Рашиќ, ја организирало изложбата Документи-Аргументи за да ја претстави историјата на зградата. Во 1993 година, Советот на Град Загреб му дало дозвола на Хрватското здружение на ликовните уметници да го премести своето седиште назад во павилјонот.[1][5]
Обновувањето на павилјонот започнало во 2001 година според плановите на архитектот Андрија Мутњаковиќ. Првата фаза од изградбата вклучувало отстранување на сите непрвични слоеви и структури и била завршена во 2003 година. Во 2006 година биле обновени делови од визбата и приземјето по плановите на архитектот Бранко Силаѓин.[5]
Зградата во 21 век
уредиПавилјонот продолжува да служи како седиште на Хрватското здружение на уметници (ХДЛУ).[13]
Хрватското друштво на ликовни уметници организира над 40 изложби и настани годишно, кои се одржувани во трите изложбени простори на павилјонот: Галеријата „Прстен“, Галеријата „Буре“ и Галеријата за проширени медиуми. Четвртиот изложбен простор, Галеријата „Карас“, се наоѓа на улицата „Прашка“ во близина на плоштадот „Бан Јелачиќ“.
Павилјонот е исто така еден од основачите на Проектот 360°, меѓународна мрежа на кружни уметнички места во Европа и Канада.
Изложба „Хрватска до светот“
уредиВо февруари 2021 година, ХДЛУ, во соработка со весникот Večernji list и Академијата за ликовни уметности, составиле список на 38 Хрвати (етнички Хрвати или поврзани со Хрватска)[14] кои дале најмногу на светот, влијаејќи на светската историја. Тие организирале изложба одржана во Мештровиќевиот павилјон, насловена како „Хрватска до светот“ (Hrvatska svijetu), вклучувајќи над илјада предмети поврзани со триесет и осумте генијалци. Првите дванаесет имиња биле избрани во 2019 година, но списокот потоа биле проширен на 38 великани до февруари 2021 година.[15] 38-те големи Хрвати на списокот се: Иво Андриќ, Џорџо Баљиви, Јосип Белушиќ, Руѓер Јозеф Бошковиќ, Ивана Брлиќ-Мажураниќ, Иван Чесмички, Марин Геталдиќ, Фрањо Ханаман, Јероним Стридонски, Марсел Кипах, Јулије Кловиќ, Славко Копач, Бенедикт Котрујевиќ, Зинка Кунц-Миланов, Антун Лучиќ, Џовани Лупис, Дора Мар, Марко Марулиќ, Иван Мештровиќ, Андрија Мохоровиќ, Фране Петриќ, Славољуб Едуард Пенкала, Марко Поло, Херман Поточник, Владимир Прелог, Марио Пуратиќ, Лавослав Ружан, Андрија Медулиќ, Давид Шварц, папата Сикст V, Миа Славенска, Андрија Штампар, Рудолф Штајнер, Никола Тесла, Милка Трнина, Фауст Вранчиќ, Иван Вучетиќ и Никола IV Зрински.[15][16]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Povijest zgrade“ [Историја на зградата] (хрватски). Хрватско друштво на ликовните уметници. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 73-74.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 74.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 78.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Pavičić, Snježana. „Dom Hdlu“. hdlu.hr (хрватски). Хрватско друштво на ликовните уметници. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ Creative Circle. Хрватско друштво на ликовните уметници. 2012. стр. 43.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 86.
- ↑ Creative Circle 2012, p. 47.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 87.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 88.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 98.
- ↑ Mutnjaković 2011, стр. 97.
- ↑ „About Us“. Croatian Association of Artists. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ Stela Lechpammer. „Na ulazu je Sunce, simbol fascinacije svemirom“. Večernji list. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2021. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ 15,0 15,1 Stela Lechpammer. „Za let u svemir zaslužan je Puljanin, a izum Bračanina unaprijedio je ribarstvo“. Večernji list. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2021. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ Patricia Kiš Terbovc. „HRVATSKA SVIJETU Na izložbi i prvi ribar na svijetu, otac nadzorne kamere te izumitelj "zaslužan" za treću smjenu“. Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2021. Посетено на 23 април 2024.
Извори
уреди- Mutnjaković, Andrija (декември 2011). „Arts Hall by Ivan Meštrović: Construction, Destruction, and Renewal“. Art Bulletin. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. 61: 67–110. Посетено на 22 април 2024.
Дополнителна книжевност
уреди- Ivančević, Radovan (1988). „Kružna forma u opusu Ivana Meštrovića“ (PDF). Život umjetnosti (хрватски) (43/44): 46–75. Посетено на 23 април 2024.
- Pavičić, Snježana (1990). „U krugu Meštrovićeva Doma likovnih umjetnosti 1930. - 1990“ (PDF). Informatica museologica (хрватски). 21 (1–2): 72–75. Посетено на 23 април 2024.
Надворешни врски
уреди„Дом на хрватските ликовни уметници“ на Ризницата ? |
- Проект 360° Архивирано на 9 јули 2017 г.