Долно Копаново

село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Долно Купаново)

Долно Копаново или Долно Купаново (грчки: Χαρίεσσα, Хариеса; до 1953 година: Κάτω Κοπανός, Като Копанос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Долно Копаново
Χαρίεσσα
Долно Копаново is located in Грција
Долно Копаново
Долно Копаново
Местоположба во областа
Долно Копаново во рамките на Негуш (општина)
Долно Копаново
Местоположба на Долно Копаново во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°10′E / 40.650° СГШ; 22.167° ИГД / 40.650; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаАнтемија
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно959
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.592 00
Повик. бр.23320

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на единаесет километри североисточно од градот Негуш и на четири километри североисточно од селото Горно Копаново, крај самиот пат кој води за селото Пласничево, на надморска височина од 45 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 12 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на Солунското Поле. Низ селото тече реката Арапица.

Историја

уреди

На 1 март 1911 година меѓу Горно и Долно Копаново, грчка чета убила двајца селани.[4]

Во 1922 година во селото биле населени 102 грчки бегалци од Турција. Во 1928 година, Долно Копаново претставувало мешана населба со 112 бегалски семејства со вкупно 469 жители.[5]

Долно Копаново до 1924 година било населено исклучиво со македонско население.[3]

Во 1953 година селото било преименувано во Хариеса (Χαρίεσσα).[6]

Стопанство

уреди

Населението на селото, главно се занимава со земјоделство. Селото е многу богато, на речиси сите обработливи површини се насадени овоштарници (главно праски), а само делумно се произведува пченица и памук.[3]

Население

уреди

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 80-тите години на XIX век Долно Копаново (Κάτω Κοπανός) имало 50 куќи.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Долно Купаново живееле 240 Македонци.[3][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Купаново имало 230 Македонци.[9]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 338 (од кои 182 мажи и 156 жени[10]), а во 1920 година со 442 жители. Поради богатата почва, по 1922 година тука се населиле и 102 бегалци, така што селото Долно Копаново станала мешана населба, во која во 1928 година биле попишани 591 жител, во 1940 година 725, во 1951 година 850, во 1961 година 1.028, во 1971 година 962, во 1981 година 1.001, а во 1991 година 1.112 жители. Како што се гледа од статистичките показатели, селото покажува постојано зголемување на населението благодарение на плодноста на почвата која речиси целосно се наводнува.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 974 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 959 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 725 850 1.028 962 1.001 1.112 974 959
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Копаново, во кој е единствено село.

Личности

уреди
Родени во Долно Копаново

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Κοπανός - Χαρίεσσα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 34.
  4. Дебърски глас, година 2, брой 34, 6 март 1911, стр. 4.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  8. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  10. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.

Белешки

уреди