Гран при Квебек 2010

Гран при Квебек 2010 било првото издание на Гран при Квебек, еднодневна професионална велосипедска друмска трка, која се одржала во Квебек Сити, Квебек, Канада. Била одржана на 10 септември како претпоследен настан во UCI ProTour 2010. Со Гран при Монтреал 2010, која се одржала два дена подоцна на 12 септември 2010, била единствената од двете трки во Северна Америка за UCI ProTour 2010.[1] Исто така била дел и од Светскиот ранкинг на UCI.

Гран при Квебек 2010
Детали за трката
Date 10 септември
Растојание 189 км
Време 4ч 35' 26" (25,582 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Тома Веклер (ФРА) (Ббокс Буиг Телеком)
Втор  Едвалд Боасон Хаген (НОР) (Тим Скај)
Трет  Роберт Гесинк (ХОЛ) (Рабобанк)
2011

Патеката се состоела од 15 кругови на растојание од 12 километри. Во текот на посетата од Меѓународниот велосипедистички сојуз во 2009, ја рангирале трката како „предизвикувачка“ од техничка гледна точка, бидејќи самиот Квебек е многу ридест.

Оваа патека била добро поставена за специјалистите за искачување и оние кои сакаат стрмнини. Завршницата се наоѓала на нагорнина.

 
Шато Фронтенак се наоѓа во срцето на Стариот Квебек и е официјален хотел за велосипедистите на Гран при Квебек

Екипи

уреди

21 екипа биле поканети на Гран при 2010

Екипи од UCI Pro Tour:

Екипи поканети со дополнителна покана:

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време Бодови
1   Тома Веклер (ФРА) Ббокс Буиг Телеком 4ч 35' 26" 80
2   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 2" 60
3   Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2" 50
4   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Транзишанс + 2" 40
5   Стаф Шерлинкс (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 2" 30
6   Алесандро Балан (ИТА) Верандас Вилемс + 2" 20
7   Фабијан Вегман (ГЕР) Тим Милрам + 2" 10
8   Максим Монфор (БЕЛ) Тим ХТЦ-Колумбија + 2" 8
9   Франческо Реда (ИТА) Квик Степ + 2" 6
10   Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-Фарнезе + 2" 2

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди