Крсто Трајков
Крсто (Крсте) Трајков, познат и како Крсто Ресенски[1], е македонски национален деец и револуционер, деец на ВМРО[2]. Првин дејствува како четник во Охридско, а потоа е назначен за околиски војвода во Преспа.
Крсто Трајков | ||
Роден | 1865 Горно Крушје, Ресенско | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 1942 Ресен |
Животопис
уредиКрсте Трајков е роден в ресенското село Горно Крушје. Се вклучува во дејноста на ВМОРО заедно со неговиот брат Иван Трајков (убиен во 1905 година).
3а време на Илинденското востание дејствува како војвода во Преспа и води многу битки со турскиот аскер кај Горно Крушје, Лева Река, Кривени, Болно, а кај Волкодери (заедно со Георги Шкорнов) е тешко ранет, но успева да избега. Во 1904 г. е четник во четата на Спиро Олчев. Од 1905 е околиски војвода в Ресенско. Во 1906 година се cлучуваат конфликти меѓу Крсто Трајков, како сарафист, и Битолскиот округ[3]. Во Првата балканска војна во 1912 година е војвода на партизанска чета бр. 56 на Македонско-одринското ополчение, со којашто го зазема Ресен. Подоцна учествува и во Втората балканска војна.[4][5]
По окупацијата на Вардарска и Егејска Македонија од страна на Србија и Грција, Трајков со четата се вклучува во отпорот на ВМРО кон тоа[6]. Во 1919 година е уапсен од српските власти и три години поминува во затвор.[7]
После ослободувањето заминува за Бугарија, а оттаму, во 1923 година во САД, каде што учествува во организацијата на новосоздадената Македонска патриотска организација. На 24 септември 1930 г. Трајков испратил писмо до Централната управа на МПО во Индијанаполис, САД, во кое бара востановување на одделна македонска црква. Тука, тој јасно и експлицитно ја нагласува посебноста на македонскиот народ истакнувајќи ги етничките и етногенетските разлики меѓу Македонците, Бугарите, Србите итн.:
„ ...Барем да застанеме цврсто на тоа што го проповедаме - дека сме Македонци и ништо друго, бидејќи и онака јас одамна тврдам дека со Бугарите сме само пара-браќа, како што сме и со останатите славјански народи, имено: Македонецот е по крв Славјанин помешан co Старо-Македонци ; Бугаринот е мешавина од Славјаните и аспаруховите ,,волгари`` ; Србинот може да е чист Славјанин, но не тврдам ; Pycите изгледа, се чисти Славјани, но, не и Бугарите, или Македонците, зашто кога Славјаните дојдоа на Балканот, не го истребија стариот тамошен народ за 2 часа, туку се женеа со тоа население.“ [8]
По враќањето во Бугарија, на почетокот од 1930-те година, станува еден од повидните дејци на михајловистичкото крило на ВМРО. По превратот од 1934 година, како и други дејци на распуштената ВМРО, е уапсен од новата власт.
По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Трајков се враќа во Македонија.[9] Се вклучува во организирањето на Бугарските акциони комитети и е претседател на Ресенскиот комитет.[10] Избран е и во локалниот одбор на Илинденската организација и е поставен за градоначалник на Ресен.[11]. Умира по тешко боледување на 7 јануари 1942 година во Ресен, тогаш во Царство Бугарија. Погребан е со почести во храмот „Св. Св. Кирил и Методиј“.
Неговиот син Борис Трајков е убиен во 1944 година од новите комунистички власти на островот Голем Град во Преспанското Езеро, обвинет како соработник на бугарските власти.[12]
Галерија
уреди-
Четата на Крсто Трајков.
-
Крсто Трајков (во средината) со свои четници.
-
Крсто Трајков на стари години.
-
Милан Матов и Крсто Трајков
Наводи
уреди- ↑ Борис Николов: ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.57
- ↑ Кратка биографија на Крсто Трајков
- ↑ Сониксен, Алберт, „Исповед на еден македонски четник“
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 726, 893.
- ↑ Димитър Гоцев: Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издава БАН, Софија, 1981, стр. 21.
- ↑ Димитър Гоцев: Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издава БАН, Софија, 1981, стр. 133.
- ↑ Борис Й. Николов: Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 170-171.
- ↑ Писмо на Крсто Трајков до Централната управа на Македонската Патриотска Организација во Индијанаполис, САД
- ↑ в. Илустрација Илинден, ноември 1941, година 13, книга 9 (129), стр. 14.
- ↑ Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, УИ "Св. Климент Охридски", София, 1992 [1]
- ↑ [Сотир Нанев: „МАКЕДОНИЯ 1941 Възкресението“]
- ↑ Агенция Фокус, „Панде Ефтимов: Българските войници са погребвани в македонските села, защото са се били за своя земя, на своя земя“