Црква „Св. Троица“ - Горна Белица

црква во селото Горна Белица

Света Троица — македонска православна црква. Се наоѓа во струшкото село Горна Белица.[1] Се наоѓа западно од селото, високо на планината Јабланица, во самото подножје на Црн Врв на 1900 метри надморска висина. Главниот празник се празнува на вториот ден Духовден, каде се собираат голем број на верници кои прават литија која трга во 5 часот наутро од центарот на селото.[2] Црквата е позната по името Парумба, по истоименото место што значи Гулабица на влашки јазик. Црквата е осветена на 28 септември 1998 година од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Под црквата извира вода, која се смета за света.[3]

Света Троица
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Четврта струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°13′19.6″N 20°31′47.5″E / 41.222111° СГШ; 20.529861° ИГД / 41.222111; 20.529861
Место Горна Белица
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Осветување 28 септември 1998
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Репортажа: Парумба
  3. ВО ПОНЕДЕЛНИК НА „ПАРУМБА“

Поврзано

уреди