Игор Стефановски-Иџе
Игор Стефановски-Иџе (Скопје, 27 декември 1983) — македонски професионален рели возач. Моментално се натпреварува во Европскиот куп на туристички автомобили (ЕКТА). Стефановски порано учествувал на Европското првенство на ридски патеки, каде трипати победил, во 2014, 2015 ,2023 година.
Лични податоци | |
---|---|
Прекар(и) | Иџе |
Националност | македонска |
Роден(а) | 27 декември 1983 Скопје, Македонија |
Во својата прва сезона во ЕКТА тој е дел од словенскиот тим ЛЕМА Рејсинг и вози автомобил СЕАТ Леон кап рејсер.[1]
Во 2017 повторно настапува во првенството на ЕКТА, овој пат со свој тим кој го носи неговото име. Возилото е Сеат Леон TCR
Стефановски е најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Иџе е избран за Најдобар спортист на Македонија во 2014 година.
Наводи
уреди- ↑ „Игор Стефановски-Иџе прв Македонец натпреварувач на ЕКТА“. Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 2016-05-25.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 12 април 2019 г. на Игор Стефановски-Иџе