Црква „Св. Климент Охридски“ - Горна Белица
Света Климент Охридски — македонска православна црква. Се наоѓа во струшкото село Горна Белица.[1]
Света Троица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Вевчанска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Горна Белица |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Климент Охридски |
Архитектонски опис |
Општи одлики
уредиМанастирот Св. Климент-Горна Белица, поставен по Вија Егнација, се наоѓа во близина на историската област Кутмичевица и претставува културно наследство од II век и објект кој повеќепати низ историјата бил разрушуван, ограбуван и возобновуван. Последните податоци за неговата старост датираат првата половина на XX век, обезбедени од Ватикански истражувачи, кои со помош локалната власт од тоа време успеваат приближно да ја одредат староста на манастирот како почетна точка во ширењето на христијанското учење на светиот апостол Павле, за потоа да послужи како летна резиденција во времето на живеењето и дејствувањето на Св. Климент како Охридски архиепископ.
Во манастирот „Свети Климент“ во Горна Белица до 1961 година бил седиште на двајца монаси: Гаврил и Саво од семејството Ѓоргоновци.
Според народната меморија, овој манастир го подигнал Свети Климент Охридски. Тој бил и е култ на жителите од блиските населби: Горна Белица, Вевчани, Октиси, Вишни, на Струга и на пошироката околина. И денес верниците од ова подрачје го посетуваат во секоја можна прилика, а особено на неговиот патронен празник (9 август и 8 декември).
Во својот долг век манастирот Свети Климент бил ограбуван и разурнуван од разни освојувачи и од качачко-арамиски банди. Веројатно бил разурнат кога се вршел турскиот попис, па не се споменува во Опширниот пописен дефтер на Охридскиот санџак од 1853 година. Ќе биде возобновен по доселувањето на влашкиот етнос во Горна Белица. Постарите Беличани го помнат последното негово пустошење во времето на окупацијата (1941-1944) од некои муслимани на Октиси.
—Македонска Нација, "Манастирот св. Климент", 01.09.2010 г.
Монаштво
уредиВо манастирот имало и монашки живот се' до 1961 година. Последни двајца монаси биле Гаврил и Саво од семејството Ѓоргоновци. Постариот, Гаврил, кој е роден во 1848 година имал голема желба да го посети гробот на Исус Христос и откако собрал малку пари, тргнал пеш за Ерусалим. Поминало многу време, а него го немало, па соселаните помислиле дека некаде по пат дал душа. На нивна голема радост, се појавил еден ден исцрпен, но среќен што го посетил Божјиот гроб. Објаснувал дека на пат се задржал толку многу поради тоа што до Ерусалим патувал пеш од каде што, исто така, морал да се врати пеш, поради тоа што немал пари за превоз. Починал во 1936 година на 88-годишна возраст. Неговиот гроб е на јужната страна на манастирската црква.
Галерија
уреди-
Фронтален приказ на манастирот
-
св. Климент (II век)
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
уреди- Горна Белица;
- Црква „Св. Троица“ - црква во месноста Парумба;
- Црква „Св. Петка“ - главната селска црква;
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |