Ице Беличев
Ице Беличев (роден на 17 мај 1982 во Струмица) — македонски поет и текстописец.
Ице Беличев | |
---|---|
Роден/а | 17 мај 1982 Струмица, Македонија |
Занимање | поет |
Националност | Македонец |
Апсолвент на | Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
Животопис
уредиИце Беличев е роден на 17 мај 1982 во Струмица. Основното училиште завршил во с. Муртино, Струмичко, а средно медицинско училиште во СОУ „Јане Сандански“ во Штип. Високото образование го продолжил на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и дипломирал на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Денес работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.
Освен професор тој е поет, текстописец и голем поддржувач на секакви поетски и културни манифестации ширум земјата, но и надвор од неа. Со поезија се занимава уште од најрана возраст, а неговите први творби се забележани во некои списанија. Денес учествува на голем број поетски и литературни конкурси и манифестации како и на повеќе поетски фестивали, меѓу кои, „Литературни искри“, Гостивар, „Збор“, Кочани, „Лирични гласове“, Софија, Р. Бугарија, „Мелнички вечери на поезија“ во Мелник, Р. Бугарија и многу други. Дел од неговите песни се наградувани не само во Македонија, туку и надвор од неа.
Творештво
уреди- „Гледач во небото“ – стхозбирка, објавена 2015 година
- „Чекор помеѓу“ – стихозбирка, објавена 2019 година, која била избрана за поетска книга на годината на манифестацијата „Планетопија“
- „Стариот жетвар“ – стихови објавени во стихозбирката „Скршнување“
Освен тоа, Беличев е:
- застапен со поезија во поетскиот алманах „100 илјади поети за промена“ во 2017 и 2018 година
- Застапен со поезија во повеќе списанија, меѓу кои: „Зенит“, „Современи дијалози“, „Раст“ и други
- застапен во бугарскиот алманах за литература, „Огниште“ во 2019 година
- Застапен со поезија на голем број електронски портали
Ице Беличев како текстописец се јавува како автор на повеќе народни фестивалски песни, за кои има добиено награди. Тој е автор на првонаградената песна на Фолк Фест Валандово во 2018 година „Горда мајка“, изведена од Благица Калева[1]. Освен тоа, Беличев се јавува и како автор на поголем број песни за детски фестивали.
Награди
уредиВо 2019 година ја добил годишната награда како признание на Општина Струмица во областа на културата и книжевноста.
Наводи
уреди„Ице Беличев“ на Ризницата ? |