Тодор Петков
Тодор Петков Огњанов (1814 - 1899) — македонски градител и копаничар, претставник на Дебарската школа.
Тодор Петков | |
---|---|
Роден(а) | 1814 Гари, Реканско |
Починал(а) | 1899 |
Националност | Македонец |
Занимање | градител, копаничар |
Познат(а) по | куќи, цркви и црковна резба |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
|
Родители | Петко Огњанов |
Биографија
уредиРоден е во 1814 г. во реканското село Гари, во семејството на копаничарот Петко Огњанов. За занимавал со градежништво и копаничарство, но повеќе се истакнал во архитектонските дела. Под негово раководство се изградени многу куќи и кули за охридски бегови и македонски чорбаџии.[1]
Меѓу неговите најзначајни дела се вбројува Куќата на Робевци (браќата Анастас и Ангеле) во Охрид. Тодор Петков ги изработил резбите во Анастасовиот дел на куќата, но за деловите да е разликуваат, резбите на таваните, долапите и други места во Ангеловиот дел се дело на друг копаничар. Двајцата мајстори не биле во контакт сè со свршувањето на работата.[2]
Во 1886 – 1887 г. Тодор Петков ги изработил иконостасите, амвоните и владичките престоли на црквите „Св. Архангел Михаил“ во Лавчани, „Св. Варвара“ во Лин и црквата во Крчица,[2] веројатно Царишта (обете денес во Албанија). Во текот на следните две години ја изградил црквата „Св. Петка“ во Горна Белица. Поради болест престанал со работа и му го доверил довршувањето на иконостасот на синот Јаким Тодоров.[1]
Родословие
уредиЈанкул | |||||||||||||||||||
Огњан Јанкулов | |||||||||||||||||||
Петко Огњанов | |||||||||||||||||||
Тодор Петков (1814 — 1899) | |||||||||||||||||||
Јаким Тодоров (1861 — ?) | Нестор Тодоров | ||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петков, Тодор“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1139. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 242.