Трета влада на Никола Груевски
27. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови, а нејзиниот водач Никола Груевски добил мандат за создавање на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов. Владата била изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 јули 2011.
Трета влада на Никола Груевски Груевски III | |
---|---|
27. влада на Македонија | |
2011-2014 | |
Груевски во 2012 | |
Конституирана | 28 јули 2011 |
Распуштена | 19 јуни 2014 |
Организација | |
Претседател | Ѓорѓе Иванов |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2011 |
Претходен кабинет | Груевски II |
Следен кабинет | Груевски IV |
Состав на владата
уредиСоставот на Владата од 2011 година е следниов:[1]
- Никола Груевски, Претседател на Влада
- Зоран Ставрески, заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
- Муса Џафери, заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
- Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
- Теута Арифи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
- Никола Попоски, министер за надворешни работи
- Фатмир Бесими, министер за одбрана
- Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи
- Блерим Беџети, министер за правда
- Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
- Ваљон Сарачини, министер за економија
- Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Никола Тодоров, министер за здравство
- Панче Кралев, министер за образование и наука
- Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација
- Невзат Бејта, министер за локална самоуправа
- Елизабета Канческа Милевска, министер за култура
- Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика
- Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање
- Хади Незир, министер без ресор
- Неждет Мустафа, министер без ресор
- Веле Самак, министер без ресор
- Бил Павлески, министер без ресор
Реконструкција на владата
уредиВо 2013 година се извршени две реконструкции на влада, во февруари и во мај. На 18 февруари Фатмир Бесими е избран за нов министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите на местото на Теута Арифи, а на неговото место, како министер за одбрана дојде Талат Џафери. Тахир Хани стана нов министер за локална самоуправа на местото на Невзат Бејта.[2]
По оваа реконструкција на министри од редовите на ДУИ, во мај беше направена реконструкција на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 29 мај Спиро Ристовски, дотогашниот министер за труд и социјална политика е избран за министер за образование и наука на местото на Панче Кралев, а на неговото место, како нов министер за труд и социјална политика е избран Диме Спасов. За нов министер без ресор е избран Џери Наумоф.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Избрана новата Влада на Република Македонија“. Влада на РМ. 28 јули 2011. Посетено на 6 април 2014.
- ↑ „„Владата реконструирана.Талат Џафери нов министер за одбрана", „Капитал"“. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 2014-04-06.
- ↑ „Спиро Ристовски, Диме Спасов и Џери Наумоф станаа министри“, „Плусинфо“[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Профили на премиерот и министрите на Влада на РМ[мртва врска] - Курир, 29 јули 2011