Втора влада на Бранко Црвенковски
(Пренасочено од Влада на Република Македонија од 1994)
20. влада на Македонија — избрана по парламентарните избори во 1994 година. На нејзино чело повторно е избран Бранко Црвенковски - еден од најмладите премиери во светот. Неговата влада владееше од 20 декември 1994 до 30 ноември 1998. Извршени се две реконструкции на владата, во февруари 1996 и мај 1997.
Втора влада на Бранко Црвенковски Црвенковски II | |
---|---|
20. влада на Македонија | |
1994-1998 | |
Црвенковски во 1998 | |
Конституирана | 20 декември 1994 |
Распуштена | 30 ноември 1998 |
Организација | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 1994 |
Претходен кабинет | Црвенковски I |
Следен кабинет | Георгиевски |
Состав на владата во 1994
уредиСоставот на Владата во 1994 година е следниот:[1]
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Надворешни работи: Стево Црвенковски
- Правда: Владо Поповски
- Одбрана: Благој Ханџиски
- Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски
- Финансии: Јане Миљовски
- Економија: Ристо Иванов
- Урбанизам, градежништво и заштита на животната средина: Јорго Шундовски
- Развој: Бекир Жута
- Транспорт и врски: Димитар Бузлевски
- Наука: Софија Тодорова
- Култура: Ешреф Алиу
- Образование: Емилија Симоска
- Здравство: Илија Филипче
- Земјоделство, шумарство и водостопанство: Иван Ангелов
- Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу
- Без ресор: Ѓунер Исмаил, Сашко Стефков, Љубе Трпески, Мухамед Халили
Состав на владата по реконструкцијата во 1996
уредиНа 23 февруари 1996 година Собранието на Република Македонија изврши реконструкција на владата. Во нејзиниот состав влегуваат:[2]
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Надворешни работи: Љубомир Фрчкоски
- Правда: Владо Поповски
- Одбрана: Благој Ханџиски
- Внатрешни работи: Томислав Чокревски
- Финансии: Таки Фити
- Економија: Бекир Жута (ПДП)
- Урбанизам, градежништво и заштита на животната средина: Јорго Шундовски
- Развој: Абдименаф Беџети (ПДП)
- Транспорт и врски: Димитар Бузлевски
- Наука: Аслан Селмани
- Култура: Слободан Унковски
- Образование: Софија Тодорова
- Здравство: Илија Филипче
- Земјоделство, шумарство и водостопанство: Никола Паракеов
- Труд и социјална политика: Насер Зибери
- Без ресор: Љубе Трпески, Јане Миљовски, Џемаил Хајдари, Владо Наумовски
Состав на владата по реконструкцијата во 1997
уредиНа 29 мај 1997 година Собранието на Република Македонија изврши нова реконструкција на владата. Во нејзиниот состав влегуваат:[3]
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Надворешни работи: Благој Ханџиски
- Правда: Ѓорѓи Спасов
- Одбрана: Лазар Китановски
- Внатрешни работи: Томислав Чокревски
- Финансии: Таки Фити
- Економија: Борис Рикаловски
- Урбанизам, градежништво и заштита на животната средина: Томе Тромбев
- Развој: Абдименаф Незири (ПДП)
- Транспорт и врски: Абдулменаф Беџети (ПДП)
- Наука: Аслан Селмани
- Култура: Слободан Унковски
- Образование: Софија Тодорова
- Здравство: Петар Илиевски
- Земјоделство, шумарство и водостопанство: Киро Докузовски
- Труд и социјална политика: Насер Зибери (ПДП)
- Без ресор: Димитар Бузлевски, Златка Поповска, Џемаил Хајдари (ПДП), Владо Наумовски