Јорго Шундовски

Политичар од Македонија

Јорго Шундовски (Битола, 1955) — архитект и политичар, министер за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина во владата на Македонија од 1994 до 1997 година.[1]

Јорго Шундовски
Роден 1955
Битола
Националност Македонец
Занимање архитект
политичар

Животопис

уреди

Роден е во Битола, 1955 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1979 година. Во почетокот на 1980 година се вработил во тогашниот Завод за урбанизам и проектирање во Битола, како проектант во отсекот високоградба. Во април 1993 година е избран за заменик министер во Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија на Владата на Република Македонија, а во 1994 година Собрание на Република МакедонијаСобранието на Република Македонија го избрало за министер во истото министерство.[2] Оваа функција ја извршува до 1997 година кога поднесува оставка заради вмешаност во аферата ТАТ

Во 1998 година, го формирал архитектонското биро „Форми“.

Наводи

уреди
  1. Значајни личности за Битола. Култура, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2010, стр. 240-242 Архивирано на 26 ноември 2021 г. пристапено на 26 ноември 2021
  2. „Биографија на семрежното место на Собранието на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2015-06-22. Посетено на 2018-01-04.
Претходник
'
Министер за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина на Република Македонија
20 декември 199429 мај 1997
Наследник
Томе Тромбев