Википедија:Начела за блокирање

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:БЛОК
ВП:БЛОКИРАЊЕ
Најважното од страницава: Корисникот може да биде блокиран од уредување од страна на администратор за да ја заштити Википедија и нејзините корисници од штета.

Блокирање е метод со кој администраторите можат технички да ги спречат корисниците од уредување на Википедија. Блоковите се користат како мерка за спречување на штети или нарушувања на Википедија. Блоковите понекогаш се користени како средства за спречување на нечие однесување кое е штетно.

Секој корисник може да побара блокирање на огласната табла за администратори. Корисниците кои побарале блокирање мора да поднесат цврсти докази со кои се потврдува блокирањето. Администраторите не се должни да дадат блок веднаш и може да ја истражат ситуацијата. Бидејќи блоковите можат да бидат прегледани и да им се поднесе жалба, често е важно администраторите да ги прегледаат ситуациите подетално пред да преземат соодветни мерки.

Жалбата е барање за отстранување на блок. Освен во случај на видна грешка, администраторите не смеат да вратат блок од друг администратор без соодветен разговор.

Причина и цел

уреди

Сите блокови постојат за да го заштитат проектот од штета и да ги намалат идните проблеми. Кога помалите мерки не се ефективни соодветна употреба на блок се користи за следните четири основни начела:

  1. Спречување штета на Википедија.
    Под „штета“ се подразбира зачестена (повеќекратна, и покрај неколку дадени предупредувања) појава на:
    • вандализам и тест уредувања;
    • лични напади и вулгарности;
    • создавање на лоши пренасочувања;
    • употреба на несоодветен хумор;
    • целосно празнење на страници;
    • масовно отстранување на содржина и
    • подигање на неприкладни слики
  2. Спречување на лошо однесување со отежнување на уредувањето.
  3. Охрабрување на сфаќањето дека сегашното однесување не може да продолжи и нема да се толерира.
  4. Охрабрување на попродуктивен стил на уредување со нормите на заедницата.


Блоковите се наменети да ги намалат идните проблеми, со или отстранување или охрабрување на промени. Тие не се наменети како средства за казна или за нерационална употреба.


Чести причини за блокирање

уреди

Следните се едни од најчестите причини за блокирање.

Кога во случај има двоумење за блокирање, најдобро е да се побара и совет од друг администратор.

Администраторите мора да бидат особено внимателни кога се справуваат со новодојденци, Почетничките корисници се чесно не запознаени со правилата на Википедија и со нивното почетничко однесување можат да остават впечаток на вандализирано уредување што може да се покаже подоцна спротивното.

Заштита

уреди

Корисник може да биде блокиран кога има потреба да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на Фондацијата Викимедија. Блокирањето може да биде како резултат на:

  • постојано создавање на лични напади;
  • создавање лични, професионални или легални закани;
  • изведување на дејства што ги става останатите корисници во опасност;
  • откривање на лични информации (спротивно на волјата на дотичниот корисник);
  • постојано нарушување на правата на сопственост;
  • постојано објавување на материјали спротивни на правилото за објавување на биографиии на живи личности ;
  • сметки за кои се докажало дека се загрозени.

Нарушување

уреди

Корисник може да биде блокиран кога неговото уредување го нарушува проектот. Таков блок се доделува ако корисникот:

Понатаму, останати кориснички сметки можат да бидат блокирани во случај на:

  • јавни кориснички сметки (кога лозинката е објавена јавно);
  • кориснички сметки со несоодветни имиња на сметките;
  • Оперирање со бот без соодветна дозвола;
  • Сметки што служат за промовирање на личност, компанија, производ, услуга или организација.

Зајакнување банови

уреди

Бановите се формално стопирање на одреден корисник да уредува за одредена тема или статија на Википедија. Банот може да биде привремен или постојан.

Покрај ова формално социјално казнување, се користи и техничката мерка- блокот- за да се зајакне банот.

Кога блокот да не се користи

уреди

Конфликт на интереси

уреди

Администраторот не смее да блокира корисник со кого е вмешан во разрешување на проблем, туку треба да го пријават проблемот на друг администратор. Исто така, администраторите треба да се свесни за конфликтот на интереси за одредената тема во која се вмешани.

Блокови за смирување

уреди

Блоковите наменести за оладување на страстите или смирување на треба да се користат зошто често го даваат спротивниот ефект. Како и да е, лут корисник кој во меѓу време е и вмешан во нарушувачки уредувања може да биде блокиран за да се спречи понатамошно нарушување.

Одблокирање

уреди

Одблокирање или намалување на блокот е честа појава кога администраторот одлучува дека блокот треба да се разгледа повторно, кога се промениле околностите или кога имало грешка при блокирање.

Кога корисник побарува да биде одблокиран, администратор што не бил вмешан во процесот може да го разгледа барањето, уредувањата и другите релевантни докази за да се одговори соодветно на барањето за блокот.

Поврзано

уреди