Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:БРИШЕЊЕ
Најважното од страницава: Администраторите ги имаат можностите да избришат статии или останати страници на Википедија и да ги вратат избришаните статии назад. Ова е возможно според правилата за бришење.

Правилата на Википедија за бришење опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Википедија. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба.

Причини за бришење

уреди

Причини за бришење ги вклучуваат следните работи:

  • Прекршување на авторски права и други материјали што ги прекршуваат правилата на Википедија за праведна употреба.
  • Вандализам, вклучувајќи беспотребни пренасочувања, статии без смисла и содржина.
  • Рекламирање и друг вид на спамирање без релевантна содржина.
  • Статии кои неможат да бидат поддржани со соодветни и цврсти докази, вклучувајќи неологизми, статии без оригинално истражување.
  • Статии за кои безуспешно се барало цврсти и веродостојни докази.
  • Статии кои не ги исполнуваат критериумите за важност на темата.
  • Статии што не ги исполнуваат критериумите и начелата за статии за живи личности.
  • Бескорисни предлошки.
  • Категории што се преклопуваат со останати категории.
  • Слики ште не се користени или ги прекршуваат правилата за праведна употреба.
  • Секој друг вид на слика, предлошка, проект или корисник кои се спротивни на правилата и принципите на Википедија.
  • Секој друг вид на содржина што не е соодветна за енциклопедија.

Алтернативи за бришење

уреди

Уредување

уреди

Ако статијата може да биде подобрена, тоа може да биде решено преку стандардното уредување. Различни видови на предлошки можат да се додадат на статијата за да го разрешат проблемот. Некои од најчестите можности се:

  • Чистење на статијата од лоши напишан текст,
  • Стручна помош за одредена статија,
  • Превод на статии што не се напишани на македонски јазик,
  • Кратки статии,
  • Веродостојност на статии,
  • Спојување на кратки статии во некои поголеми статии.

Страници со несоодветно име можат едноставно да се преименуваат со ново, посоодветно име. Разликите за името се разрешаваат на страната за разговор на соодветната статија. Вандализирање на статија може да биде избришано од секој корисник.

Спојување

уреди

Статиите што се кратки и немаат можност за проширување, се спојуваат со други сродни статии. На пример, биографии на членови од семејство на некоја позната личност, во случај да се многу мали, се спојуваат со статијата на популарната личност.

Ако две статии се удвојуваат, една треба да биде споена со другата и ова не побарува соодветен разговор.

Разговор

уреди

Спорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната разговорна страница.

Разговорт за спорната содржина се одвива на страната за разговор и тука се договорува конечниот изглед на статијата. Нерешливи спорови може да побараат администраторска помош.

Други проекти

уреди

Некои статии не припаѓаат на Википедија, но се соодветни за некои од братските пректи на Википедија. Таквите статии можат да бидат копирани и пренесени кон соодветните братски пректи и по префрлувањето статијата се брише. Во случај да статијата биде повторно создадена, тогаш се пренасочува кон соодветната статија од братскиот проект.

Архивирање

уреди

Бришење на статии не се користи за архивирани статии.

Достапност до избришани статии

уреди

Избришаните статии не се достапни за јавен преглед. Како и да е, тие остануваат во базата (барем привремено), и се достапни за администраторите. Секој корисник што има потреба од копија од избришаната статија може да побара и да му се даде од страна на администратор. Овие побарувања најчесто се одбивани ако содржината ги прекршува правилата на Википедија, најчесто авторското право.