Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Торинското платно или Платното од Торино е ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.
Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.
Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептичните луѓе веруваат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.
Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиојаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање произлегле големи реакции за точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради оганот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиокарбонска материја. Повеќе...
На разговорната страница на статијата, побарав да се обрне поголемо внимание на врската меѓу Торинското платно и витезите-темплари. Во статијата, воопшто не се споменува нешто вакво, освен фактот дека вдовицата на Годфрој де Шарни Жан де Верги е првиот вистински сопственик на Торинското платно. Појавата на платното претставува вистинска мистерија, за која има различни гледишта, но фактот дека на платното можеби е насликан Жак де молеј, а не Исус Христос и оној дека темпларите најверојатно го криеле, а подоцна платното било масонизирано е испуштен од статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:27, 29 септември 2009 (UTC)
Во статијата се споменува дека вдовицата го имала платното. Но исто така споменува дека нејзиниот маж, темплар го добил платното како поклон и дека тоа платно се користело како ритуал за време на состаноците на темплаерите. Ритуалот мислам се викал, ритуал на светото лице. Се што треба за витезите е вклучено. Не сакав да ја оптоварам статијата со: според овој, според оној, овој рекол вака, оној рекол така. Основни податоци, со мало проширување мислам дека е доста.--НиколаСтоіаноски 14:25, 29 септември 2009 (UTC)
Не е вклучено најважното, дека според ова гледиште, на платното е насликан ликот на Жак де Молеј, а не на Исус.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:29, 29 септември 2009 (UTC)
--НиколаСтоіаноски 11:57, 29 септември 2009 (UTC) Ја предлагам зошто има многу добро претставени податоци и е од ретките на сите Википедии каде се претставени две тези подеднакво.
--Kiril Simeonovski (разговор) 13:21, 29 септември 2009 (UTC) Не е многу обемна со најзначајните податоци, но редоследот е одличен.
--Arwena (разговор) 22:07, 01 октомври 2009 (UTC) Ми се допаѓа да биде избрана статијата зошто е добро спастрена.
--Астрион (разговор) 23:14, 2 октомври 2009 (UTC) Според мене обемна квалитетна страница која ме “погодува“
--MakEmpire (разговор) 18:02, 3 октомври 2009 (UTC) Одлично! Заслужува да биде избрана статија, добро напишано, и средено