Википедија:Вавилон
mkMајчин јазик на овој корисник е македонскиот.
en-3 This user is able to contribute with an advanced level of English.
sr-3Овај корисник врло добро говори српски језик.
hr-3 Ovaj korisnik vrlo dobro govori hrvatski jezik.
bg-3 Този потребител има задълбочени познания по български език.
Овој корисник е Македонец.
Корисникот е против промената на постојниот грб на Македонија.
Немој ти мене ФИРОМ! Корисникот се залага за употреба на уставното име на
Република Македонија.
Податотека:Interlogo.jpg
Јас навивам за
ИНТЕР

Последни статии од вкупно 143.282 уреди


IN MEMORIAM: ТОШЕ ПРОЕСКИ (1981 - 2007)
 
Тоше Проески

Македонската музичка мега ѕвезда Тоше Проески загина утрото на 16 октомври, 2007 година, во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка во Република Хрватска.

Портпаролката на Бродско-посавската полициска управа по завршениот увид на местото на несреќата изјави дека Тоше Проески загинал на самото место на несреќата, а неговите сопатници се пренесени во болница во Нова Градишка.

Несреќата се случила утрото во 6 часот и 25 минути на 170-тиот километар од автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка, кога автомобилот марка „Фолксваген Туарег“ со македонски регистарски таблички, удрило со предниот дел во страничниот лев дел на полуприколка на товарно возило со италијански регистарски таблички.

Тоше музичката кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со композицијата „Life“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издава песната „За овој свет“.

Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“.

Ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш во очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ - верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ - верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ - хрватска верзија (2007).

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјата.