Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 17:31, 27 декември 2009 (UTC).
Статијата неодамна не беше изгласана за избрана, но сега мислам дека ќе се подобри и убаво ќе се вклопи на главната страница за време на Божиќ.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:31, 27 декември 2009 (UTC)
Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 7−2 година пред новaта ера до 26−36 од новата ера) бил палестински пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.
Голем број од научниците од областа на историјата и теологијата се сложуваат дека Исус бил Евреј од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека бил крстен од страна на Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот управник Понтиј Пилат, под оптужба за клевета против Римското Царство. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денес, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.
Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие доаѓање е најавено во Стариот завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда. Дознајте повеќе...
Со Тиверополник се сложивме дека е добро статијата уште малце да се прошири. Јас за време на кандидатурата ќе изврашм рецензија на статијата. Предлагам статијата поради симболиката со големиот христијански Божиќ да биде објавена на главната страница за периодот од 4 до 11 јануари. Забележав дека има такви најави веќе има. Исто така, добро е да наоѓаме симболика и во многу други статии со многу други датуми во годината и истите да ги предложуваме. Може уште сега да започнеме за наредните неколку месеци. Останатите избрани статии може да ја пополнат главната страница за периоди за кои немаме симболично избрани статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:31, 27 декември 2009 (UTC)
Статијата не ги исполнува критериумите за квалитет. Да почнеме со синтаксните и семантичките грешки. Исто така нема неутралност, бидејќи главните извори се евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован, а се запоставени останатите евангелија, оние на Марија Магдалена, Петар и многу други. Дека постојат и други евангелија е наведено, но анализата и самиот текст се прави врз основа на евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован. Со тоа, прекршени се деталноста и неутралноста. Неутралноста, бидејќи се анализира Исус првенствено од христијанска гледна точка. Во описот на сликата во делот занимања, покрај пророк се наведени и Син Божји, Спасител и Месија. Повторно се занемарува неутрелноста. Bgljb (разговор) 12:22, 30 декември 2009 (UTC)
Секако, не зборував за тоа. Зборував за статијата Исус Христос, каде треба да се наведат барем поголемиот број на гледишта. Христијанскиот аспект е само еден од многуте кои не се наведени. А ако би постоела таква статија Исус Христос во исламот, тоа ќе имплицира и да има статија Исус Христос во христијанството. И секако јас немам ништо против тоа да си остане статијата на тоа што е, но доколку веќе се кандидира за избрана статија, тогаш да се почитуваат правилата. Деталноста и неутралноста особено. - Bgljb (разговор) 20:15, 2 јануари 2010 (UTC)