Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 18:12, 27 ноември 2009 (UTC).
Мислам дека оваа биографска статија е една од подобрите на Википедија на македнски јазик и заслужува да биде избрана.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 27 ноември 2009 (UTC)
Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 7−2 година пред новaта ера до 26−36 од новата ера) е палестински пророк и рабин од Назарет, кој многу евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.
Голем број од научниците во полето на историјата и Библијата се сложуваат дека Исус бил евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека го крстил Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот управник Понтиј Пилат под оптужба за клевета против Римската Империја. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денеска, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.
Христијаните веруваат дека Исус е Месија, чие доаѓање е најавено од Стариот завет, која е една од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил лечител, правејќи големи чуда. Дознајте повеќе...
Статијата не ги исполнува критериумите за квалитет. Да почнеме со синтаксните и семантичките грешки. Исто така нема неутралност, бидејќи главните извори се евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован, а се запоставени останатите евангелија, оние на Марија Магдалена, Петар и многу други. Дека постојат и други евангелија е наведено, но анализата и самиот текст се прави врз основа на евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован. Со тоа, прекршени се деталноста и неутралноста. Неутралноста, бидејќи се анализира Исус првенствено од христијанска гледна точка. Во описот на сликата во делот занимања, покрај пророк се наведени и Син Божји, Спасител и Месија. Повторно се занемарува неутрелноста. Bgljb (разговор) 12:21, 30 декември 2009 (UTC)
Статијата е стварно добра, но предлагам ако се сложите, истата да биде избрана во периодот од 3 јануари до 10 јануари 2010 година, односно за време на Божикните празници, а до тогаш истата да ја средиме уште малку.--Астрион (разговор) 11:48, 3 декември 2009 (UTC)
Па, тоа е и планот. Статијата сега може да биде избрана, а на главната страница ќе биде објавена за периодот од 3 до 10 јануари.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:26, 3 декември 2009 (UTC)