Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Галија (грчки: γαλέα) бил антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.
Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу 15 и 16 век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до 4 век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни државииталијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека man-of-war не ги направил застарени. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во 17 век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. Повеќе...
Се залетав да гласам против, бидејќи знам ако напишам тука нешто никој нема да го прочита, како и да е, статијата воопшто не е викифицирана, има највеќе што мразам англиски наводници, не премногу печатни грешки и само една референца, апсурдно е да ја ставиме статијава на гласање. Ако се согласувате со мене, можеме многу брзо да ја преуредиме, и тогаш да биде номинирана. --Макс(разговор) 12:08, 6 август 2009 (UTC)
Ок, да почнеме да ја средуваме. Ама направи и ти нешто, а не само да коментираш.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:19, 6 август 2009 (UTC)
Може си ја помешал статијата. Станува збор за Галија како брод, а не за регионот.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:21, 6 август 2009 (UTC)
Ова беше добро. Не ни планирав само да коментирам, како што гледаш речиси во секој од последниве неколку номинирани имам уредувано по нешто, не е проблем со задоволство би уредувал. Само секогаш прво назначувам бидејќи честопати ќе почнам да уредувам и се ќе променам, но кога ќе стиснам зачувај ми покажува „конфликтни уредувања“ и кога ќе видам некој веќе го променил тоа што сум сакал јас да го променам, проади тоа и често не се мешам во „туѓа“ работа. Инаку да ја помешав со регионот, но не по моја вина, така беше поставено! --Макс(разговор) 12:32, 6 август 2009 (UTC)
Инаку, статијата за бродот изгледа дека е добра, само што има некои правописни грешки. Ќе те замолам ако може да ја средиш и да ги поправиш грешките. Јас ќе се зафатам за статијата Иштван I.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:41, 6 август 2009 (UTC)
Готово, супер! За саат време ќе поправам се што мислам дека треба да се поправи. А инаку да оваа е добра за разлика од таа за регионот! :)--Макс(разговор) 13:02, 6 август 2009 (UTC)
Како мал извештај од рецензијата. Вака статијата е 99 % ослободена од печатни грешки и сл. Го средив и распоредот на секциите исто така. Ги поделив референците и белешките и ставив нови категории. Е сега има мали мани, вака, постојано во статијата се споменува брод по име man-of-war, кој го оставив во оригинал, дали е ова правилно, никој не би знаел да одговори. Сакам да кажам само ова и уште нешто и недостасува на статијата да биде идеална и не можам тоа да го постигнам бидејќи имаме проблем со конвенциите за именување (овде не е правилно место да зборувам за тоа но да напоменам), што ни укажува дека треба еднаш за секогаш да ги усогласиме. Тоа е во главно сè. Друга маана е само употребата на голема буква кога станува збор, за битки, бродови и сл. Детално ги имам проучено прирчаниците што ги имам дома во врска со оваа тема и никаде не пишува дали треба да бидат со голема буква, затоа ги оставив и така! Тоа е сè! :) --Макс(разговор) 12:45, 7 август 2009 (UTC)
Битките и имињата се пишуваат со голема буква (за имињата мислам дека е јасно, а за битките е слично како и со војните).--Kiril Simeonovski (разговор) 12:58, 7 август 2009 (UTC)
За битките не сум знаел, значи би било вака, наместо - Бродот првпат се појавил кај Битката кај Лепанто - ќе биде - Бродот првпат се појавил кај Битката кај Лепанто. Ако е така тогаш само тоа ќе го променам. А што се однесува до имињата, прашувам за имиња на бродови, што значи на секое место каде ќе се споменува Галија ќе биде со голема така? --Макс(разговор) 12:08, 11 август 2009 (UTC)
Не! Галија со мала. Јас милев на имиња, а не на видови (на пример бродот „Оаза на морињата“ е се разбира со голема).--Kiril Simeonovski (разговор) 10:49, 12 август 2009 (UTC)
Еј здраво. Вие сте многу поодамна од мене на Википедија и веројатно се разбирате повеќе од мене во ова, ама јас мислам дека не се пишува Битката кај Лепандо, туку Битката кај Лепандо. еве на пример кај странава се споменува Битката кај Ватерло[1]. Па вие решете како ќе правите. Поздрав.--MrBones (разговор) 11:34, 12 август 2009 (UTC)
Благодарам на советот. Ќе го поправам. Јас се водев по војните, како на пример Кримска војна, Балкански војни, Прва светска војна, Втора светска војна итн.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:41, 12 август 2009 (UTC)
Одлично, кога веќе и тоа е решено тогаш статијата е финално избрана! --Макс(разговор) 12:11, 12 август 2009 (UTC)