Википедија:Викикамп Дихово 2018
Викикамп Дихово 2018 — викикамп којшто се одржува во селото Дихово во периодот од 7-9 септември 2018 година. Викикампот имал за цел преку дружба во природа да ги запознае учесниците со уредувањето на Википедија, подигањето фотографии на Заедничката Ризница, и проектите коишто се спроведуваат за промовирање на проектите и организирањето на теренски истражување. Учесниците биле одбрани врз основа на покажаниот интерес преку пополнување на образец за учество на викикампот.
Програма
уредиПеток, 7 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
17:00 | Поаѓање од Скопје |
17:30 | |
18:00 | |
18:30 | |
19:00 | |
19:30 | |
20:00 | |
20:30 | Сместување |
21:00 | Вечера |
21:30 | Вовед и запознавање |
22:00 | Што е Википедија? |
22:30 | Повечерје |
23:00 | |
23:30 | |
00:00 |
Сабота, 8 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
08:00 | Појадок |
08:30 | |
09:00 | Уредување на Википедија |
09:30 | |
10:00 | Работни групи: Истражување во Дихово |
10:30 | |
11:00 | |
11:30 | |
12:00 | |
12:30 | |
13:00 | |
13:30 | |
14:00 | |
14:30 | |
15:00 | Ручек |
15:30 | |
16:00 | Ризница |
16:30 | |
17:00 | Подигање фотографии на Ризницата |
17:30 | |
18:00 | |
18:30 | |
19:00 | Вечера |
19:30 | |
20:00 | Уредувачки маратон |
20:30 | |
21:00 | |
21:30 | |
22:00 | Викидоџо |
22:30 | Повечерје |
23:00 | |
23:30 | |
00:00 |
Недела, 9 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
08:00 | Појадок |
08:30 | |
09:00 | Википодатоци |
09:30 | |
10:00 | Работни групи: Истражување во Дихово |
10:30 | |
11:00 | |
11:30 | |
12:00 | Подигање фотографии на Ризницата |
12:30 | |
13:00 | Уредувачки маратон |
13:30 | |
14:00 | Ручек |
14:30 | |
15:00 | Затворање на кампот |
15:30 | |
16:00 | Враќање во Скопје |
16:30 | |
17:00 | |
17:30 | |
18:00 | |
18:30 | |
19:00 |
Извештај
уредиПеток, 7 септември
уредиКако збирно место за учесниците бил одреден паркингот пред Пошта 2 во Скопје, од каде што комбето требало да тргне во 17 часот. Откако Марио и Кирил со возачот претходно се погрижиле за складирање на сета логистичка поддршка во комбето, веднаш се упатиле кон паркингот за да ги качат останатите учесници, па потоа со мало задоцнување од 15 минути, поради сообраќајниот метеж, се упатиле кон Дихово. Предвидената маршрута на патувањето била од Скопје преку Велес, Градско, Прилеп и Битола до Дихово. Со пауза во времетраење од околу дваесетина минути на бензинската станица кај Градско, три застанувања за качување на тројца учесници во Прилеп, двајца од Кичево кои допатуваа до надвозникот на влезот пред Битола и еден учесник во Битола, комбето пристигнало во Дихово некаде околу 20:45 часот. Откато сите учесници се согласиле, најпрвин било одредено време за сместување, а потоа била послужена вечерата.
Бидејќи времето веќе зафатило доцна во ноќните часови, во повечерјето, околу 22 часот сите 21 учесник и 3 водичи на обуката се одлучиле како прва активност да ја имаат меѓусебното запознавање и краток вовед за Википедија, целите и активностите во текот на кампот. Во времетраење од еден час сите присутни се запознале меѓу себе кажувајќи ги своите имиња, занимања, образование и мотив за пријавување на кампот, а од водичите кои исто така лично се претставиле, биле подробно запознаени со концептот на Викикампот, искуството со минатогодишниот Викикамп во Брајчино, целите, начелата, значењата и можноста на Википедија и останатите сестрински проекти на Викимедија и воедно тековните проекти кои се спроведуваат за проширување на содржините на Википедија на македонски јазик.
Сабота, 8 септември
уредиВториот ден започнал со собирање на учесниците на појадок во 8 часот, по што по пристигнувањето на колегите и партнери од Slow Food, кои помогнаа и со техничка поддршка во опрема, започнале главните активности кои вклучувале предавања со презентации и работилници, теренско истражување и уредувачки активности.
Најпрвин Марио започнал со предавање на тема „Што е Википедија?“ во насока на запознавање на учесниците со основите на проектот, како се создава корисничка сметка, како се вршат промени, кои кориснички групи постојат, каде се следат скорешните промени итн. Оние учесници кои немале корисничка сметка истата ја создале на крајот од предавањето. Следела работилница на тема „Уредување на Википедија“ предводена од Кирил, во која учесниците биле запознаени со основите на уредувањето преку нагледниот уредник и изворното кодирано уредување преку html кодот, додавање на наводи, категоризирање на статиите и форматирање на текстот во статиите. Како материјал за уредување било искористено делото „Реките во Република Македонија“ од Илија Петрушевски и Благоја Маркоски, при што секој учесник уредувал по една нова статија со помош на знаењето коешто го стекнал за уредувањето. Првиот работен дел бил завршен со кратко претставување на Slow Food за нивната работа и делување, при што од нив беа посочени материјали од каталогот „Арка на вкусови“ по што беше одлучено претстојниот уредувачки маратон во текот на денот да биде на оваа тема.
По 11 часот, учесниците беа поделени во три работни групи со зададени места за посета и цел на теренско истражување на сите попатни предмети и знаменитости. За разлика од претходниот викикамп во Брајчино, овој пат теренските истражувања не беа строго тематски и целесообразно поделени според предмет на истражување, туку тие имаа зададена крајна точка на посета: Диховскиот манастир „Св. Атанасиј“, водопадот „Капејнци“ и селото Дихово при што учесниците во сите три прошетки имаа за задача да фотографиираат и прибираат податоци за се она што е сретнато по патот во однос на: природа, географија, градби, месности, архитектура, растенија, знаменитости.
По ручекот и определениот едночасовен одмор, во 16 часот продолжи вториот дел на предавањата и работилницата посветена на прикачување на фотографии на Заедничката Ризница каде по прикажаната презентација и видео-упатство од Марио и Кирил, сите учесници постапно започнаа да ги прикачуваат сликите кои беа направени во текот на теренските прошетки и истражувања претходно во текот на денот. Успешно прикачените фотографии од страна на учесниците беа додадени и во статиите, а беа создадени и неколку нови статии на основа на фотографираните предмети. До послужувањето на вечерата учесниците уредуваа статии на теми од теренското истражување, храна и традиционални јадења и теми по избор. По вечерната прошетка во Битола, учесниците се вратија назад во кампот и до доцните вечерни часови по полноќ ја играа уредувачката игра „Викидоџо“.
-
Предавање и уредувачки активности
-
Предавање и уредувачки активности
-
Предавање и уредувачки активности
-
Учеснички крај водопадот Капејнци
-
Учеснички на Викикампот ја преминуваат реката Драгор
-
Википедијанци на пат кон Диховскиот манастир
-
Википедијанци во Дихово
Недела, 9 септември
уредиТретиот ден започнал со собирање на учесниците на појадок во 8 часот, по што веднаш започнале повторните уредувачки активности, овој пат преку запознавање на учесниците со алатката за превод во бета-верзијата на нагодувања на нивните кориснички сметки, при што користејќи ја алатката за превод, како и претходно стекнатите познавања на уредување на статии преку нагледниот и изворниот кодиран уредувач учесниците создадоа повеќе нови статии, додавајќи им наводи, слики и поврзувајќи ги со постоечки статии на другите јазични изданија на Википедија. Во овие уредувачки активности беше подобрувана и статијата за Дихово, за што од домаќинот Пеце беше донесена книга - монографија за селото Дихово.
Нешто по 10 часот како втора активност по кратката презентација за можностите за учество во тековните уредувачки потфати на Википедија на македонски јазик од страна на Марио, следела презентацијата за проектот Википодатоци спроведена од Кирил, каде што повеќето учесници самите започнале со создавање предмети на Википодатоци за новосоздадените статии за реки од нивна страна во текот на претходниот ден, како и доработка на овие предмети за преведените статии непосредно претходно. По оваа активност, поради пораното заминување на учесничка од кампот, било направено групно фотографирање.
Околу 11:30 часот сите учесници, предводени од домаќинот Пеце се упатиле кон остатоците од ѕидините на првата текстилна фабрика во Македонија каде тие биле фотографирани, заедно со стариот клуч од вратата на нејзините погони. По ова, учесниците се поделиле во две групи кои се упатиле во посета и теренско истражување на сите градби, објекти и предмети во соседните села Нижеполе и Брусник, а една помала група се вратила назад во кампот и продолжила со прикачување слики и уредувачки активности.
По враќањето и послужениот ручек, било продолжено со завршните уредувачки активности на прикачување на направените фотографии од теренските прошетки и истражувања претходно во текот на денот, создавање и уредување на нови и подобрување на започнатите постоечки статии. Околу 15:30 започнала завршната активност на доделување на уверенија за учество, чаши и маици на сите учесници, по што кампот бил успешно завршен и учесниците тргнале во 16 часот, пристигнувајќи во Скопје на паркингот пред Пошта 2 во 19 часот.
-
Уредувачки активности
-
Уредувачки активности
-
Уредувачки активности
-
Кај рушевините на текстилната фабрика во Дихово
-
Уредувачки активности
-
Групна слика на учесниците на Викикамп Дихово
-
Разонода и играње фудбал
-
Доделување уверение на Викикамп
Учесници
уредиВо табелата во продолжение е направен список на учесниците на викикампот заедно со нивниот придонес.
- (В) — водач на работна група
- (Н) — новосоздадена статија
- (П) — подобрена статија
Статистика
уредиВо табелата во продолжение е направен преглед на остварените мерки на успешност од кампот.
Мерка | Опис | Резултат |
---|---|---|
Создадени статии | вкупен број на создадени статии на Википедија | 53 |
Подобрени статии | вкупен број на подобрени постоечки статии на Википедија | 13 |
Подигнати фотографии | вкупен број на подигнати фотографии на Ризницата | 146 |
Уредени предмети на Википодатоци | вкупен број на создадени и подобрени предмети на Википодатоци | 32 |
Вклученост на заедницата | вкупен број на различни учесници на кампот | 23 |
Надворешни врски
уредиФотографии од викикампот
уреди- Викикамп Дихово 2018 на Ризницата ?