Заположница
Заположница — река која се наоѓа во околината на Прилеп, односно Прилепско Поле, источно од селото Заполжани, а северозападно од градот Прилеп. Горниот тек на реката уште е наречен и Сенокоска Река, бидејќи поминува низ селото Сенокос. Сливното подрачје на реката изнесува 26 км2.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.