Ватиканска библиотека

(Пренасочено од Библиотеката во Ватикан)

Ватиканска апостолска библиотека (латински: Bibliotheca Apostolica Vaticana), честопати нарекувана Ватиканска библиотека) — библиотека на Светиот престол, сместена во Ватикан. Официјално основана во 1475 година, иако е многу постара, таа е една од најстарите библиотеки во светот и содржи една од најзначајните збирки на историски текстови. Библиотеката располага со 75.000 кодекси од различни историски периоди, како и 1,1 милион печатени книги, кои вклучуваат околу 8.500 примероци од почетоците на печатењето.

Bibliotheca Apostolica Vaticana
Ватиканска апостолска библиотека
Папата Сикст IV го назначува Бартоломео Платина за префект на Ватиканската библиотека, фреска од Мелоцо да Форли, 1477, денес во Ватиканските музеи.
Карта
Земја Ватикан
Типнаучна библиотека
Основана1475; пред 548 години (1475)
Координати41°54′17″N 012°27′16″E / 41.90472° СГШ; 12.45444° ИГД / 41.90472; 12.45444
Фонд
Обем
  • 75,000 кодекси
  • 1,1 мил. книги
Други информации
ДиректорЖан Луј Бриге
Службена страницаvaticanlibrary.va
Карта

Ватиканската библиотека е истражувачка библиотека за историја, право, филозофија, природни науки и теологија. Библиотеката е отворена за секој што може да ги докаже своите квалификации и потребата за истражување. Фотокопии за приватни истражувања од страници на книги објавени помеѓу 1801 и 1990 година можат да се побараат лично или преку пошта.

Во март 2014 година, Ватиканската библиотека започнала четиригодишен проект на пренесување на својата колекција на ракописи во електронска форма.

Тајните архиви на Ватикан биле одделени од библиотека на почетокот на XVII век и тие содржат 150.000 други писанија.