Википедија:Викикамп Дихово 2018/Програма
Во продолжение е извршен детален преглед на програмата за Викикампот Дихово 2017.
Петок, 7 септември
уредиВовед и запознавање
уредиАктивноста опфатила воведување на учесниците на кампот со планираните активности и кратко претставување на секој од учесниците.
- Вид на активност: групна дискусија.
- Термин: 21:30-22:00.
- Времетраење: 30 минути.
Што е Википедија?
уредиАктивноста опфатила предавање за основите на Википедија. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Википедија, создавањето на корисничка сметка, најавувањето со постоечка корисничка сметка, начинот на кој се уредуваат страници, значењето на страниците за разговор, различните кориснички групи и прегледот на скорешните промени.
- Вид на активност: предавање.
- Термин: 22:00-22:30.
- Времетраење: 30 минути.
- Предавачи: Кирил Симеоновски и Марио Шаревски
Сабота, 8 септември
уредиУредување на Википедија
уредиАктивноста опфатила работилница за уредување на статии за реки во Македонија. Работилницата содржела создавање на страница во неколку чекори, почнувајќи од отворање на образец за уредување, внесување на содржината на статијата, викифицирање на внесената содржина, додавање на наводи и користена литература, внесување на инфокутија, категоризација на статијата и завршувајќи со зачувување на статијата.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 09:00-09:30.
- Времетраење: 30 минути.
- Предавачи: Тони Ристовски и Цветко Неделковски.
Работни групи: Истражување во Дихово
уредиУчесниците биле поделени во четири работни групи, кои спровеле теренско истражување во соседното село Љубојно:
- првата група, предводена од Тони Ристовски, истражувала на тема „Архитектура“;
- втората група, предводена од Марио Шаревски, истражувала на тема „Природа“;
- третата група, предводена од Кирил Симеоновски, истражувала на тема „Археологија“; и
- четврта група предводена од Цветко Неделковски, истражувала на тема „Земјоделство и храна“.
- Вид на активност: теренско истражување.
- Термин: 10:00-15:00.
- Времетраење: 5 часа.
Ризница
уредиАктивноста опфатила предавање за основите на Ризницата. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Ризницата, начинот на кој се подигаат фотографии и прегледот на подигнатите фотографии.
- Вид на активност: предавање.
- Термин: 16:00-17:00.
- Времетраење: 1 час.
- Предавачи: Тони Ристовски и Кирил Симеоновски.
Подигање фотографии на Ризницата
уредиАктивноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Љубојно на Ризницата.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 17:00-19:00.
- Времетраење: 2 часа.
Уредувачки маратон
уредиАктивноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Љубојно и додавање на подигнатите фотографии во статии.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 20:00-22:00.
- Времетраење: 2 часа.
Викидоџо
уредиАктивноста опфатила организирање на играта Викидоџо на тема за уредување со согласност на самите учесници. Како тема за уредување била избрана пејачката Ерзана за којашто не постоела статија на Википедија на македонски јазик.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 22:00-22:30.
- Времетраење: 30 минути.
Недела, 9 септември
уредиВикиподатоци
уредиАктивноста опфатила предавање за основите на Википодатоци. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Википодатоци, начинот на кој се создава и уредува предметна страница на Википодатоци.
- Вид на активност: предавање.
- Термин: 09:00 - 10:00
- Предавачи: Тони Ристовски и Кирил Симеоновски.
Работни групи: Истражување во Дихово
уредиУчесниците биле поделени во две работни групи, кои спровеле теренско истражување во селото Брајчино со околината:
- првата група, предводена од Тони Ристовски и Цветко Неделковски, останала да истражува во селото „Општествени установи“;
- втората група, предводена од Марио Шаревски и Кирил Симеоновски, се упатила кон „ХЕ Сапунџица“ и месности надвор од селото.
- Вид на активност: теренско истражување.
- Термин: 10:00-12:00.
- Времетраење: 2 часа.
Подигање фотографии на Ризницата
уредиАктивноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Љубојно на Ризницата.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 12:00-13:00.
- Времетраење: 1 час.
Уредувачки маратон
уредиАктивноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Брајчино со околината и додавање на подигнатите фотографии во статии и уредување во Википодатоци.
- Вид на активност: работилница.
- Термин: 13:00-14:00.
- Времетраење: 1 час.
Затворање на кампот
уредиАктивноста опфатила завршно обраќање, групно фотографирање на учесниците, доделување признаници за учество (сертификати).
- Вид на активност: групна дискусија.
- Термин: 15:00-16:00.
- Времетраење: 1 час.