Јоруба

етничка група во Африка
(Пренасочено од Јоруба (народ))

Јоруба (јоруба: Ìran Yorùbá) се една етничка група во југозападниот и северно-централна Нигерија, како и јужен и централен Бенин. Заедно, овие региони се познати како територии на Јоруба (Yorubaland). Народот Јоруба брои над 40 милиони луѓе. Поголемиот дел од нив живеат во Нигерија и сочинуваат 21 отсто од вкупното население во земјата, според „Светската книга на факти“ на ЦИА,[1] се најголемата етничка група во Африка. Поголемиот дел од Јоруба го зборува истоимениот јазик, кој е тонски, и е нигер-конгоански јазик со најголем број родени говорници.[10]

Јоруба
Ìran Yorùbá
Подрачја со значајно население
Нигерија Нигерија40 милиони (2016)[1]
 Бенин1,7 милиони (2016)[2]
Гана Гана486.000[3]
 Того303.000[4]
Брег на Слоновата Коска БСК113.000[5]
 Обединето Кралство98.000[6]
Europe Европска Унија60.000[7]
САДКанада САД и Канада200.000[8]
Јазици
[9]
Вероисповед
Сродни народи
Афемаи, Арогбо & Апои, Бариба, Бини, Ебири, Есан, Еве, фон, Игала, Итсекири, нуп
Културната група Јоруба Деца на меѓународното училиште Фаста - фотографирање по нивната презентација
Културната група Јоруба Деца на меѓународното училиште Фаста - фотографирање по нивната презентација

Народот Јоруба е тесно поврзан со Итшекири на југоисток во северозападниот дел на делтата Нигер, Бариба - северозападниот дел во Бенин, Нуп на север и Ебира на североисток во централна Нигерија. На исток се Едо, Есан и Афемаи - групи во средината на западна Нигерија. Во непосредна близина на Ебира и Едо групи е народот Игала кој се наоѓа во североисточниот дел на Нигерија, на левиот брег на реката Нигер. На југозапад е народот Би, кој зборува Махи, Егун, Фон и Еве кои се граничат со Јоруба заедниците во Бенин и Того. На југоисток се Итшекири кои живеат во северозападниот крај на реката Нигер. Тие потекнуваат од Јоруба, но избрале да одржат посебен културен идентитет. Значаен број Јоруба население може да се најде во други западноафрикански земји: Гана, Брегот на Слоновата Коска, Либерија и Сиера Леоне.

Дијаспората на Јоруба се состои од две главни групи. Во едната спаѓаат иселеници кои се преселиле по големите економски и политички промени, 1960 - 1980 година, од кои поголем дел во Велика Британија и во САД. Другата група е од поодамна и е од Атлантската трговија со робови. Оваа постара група има заедници во повеќе земји како што се Куба, Доминиканска Република, Венецуела, Санта Луција, Јамајка, Бразил, Гренада и Тринидад и Тобаго и други.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Nigeria Архивирано на 31 август 2020 г. at CIA World Factbook: "Yoruba 21%" out of a population of 180 million (2013 estimate)
  2. „Bénin“. www.axl.cefan.ulaval.ca.
  3. Project, Joshua. „Ghana - Joshua Project“. joshuaproject.net.
  4. Project, Joshua. „Togo - Joshua Project“. joshuaproject.net.
  5. Project, Joshua. „Côte d'Ivoire - Joshua Project“. joshuaproject.net.
  6. Project, Joshua. „Yoruba in United Kingdom“.
  7. Project, Joshua. „Yoruba - Joshua Project“. joshuaproject.net.
  8. Majority in the United States; Joshuaproject.net estimates 186,000 in the US. About 3,000 in Canada: „Ethnic origins, 2006 counts, for Canada, provinces and territories“. bottom: Statistics Canada. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2010-04-04.. In Canada, 19,520 identified as Nigerian and 61,430 as Canadians.
  9. Melvin Ember; Carol R. Ember; Ian Skoggard (2004). Encyclopedia of Diasporas: Immigrant and Refugee Cultures Around the World. Springer Science & Business Media. стр. 318. ISBN 978-0-306-4832-19.
  10. John T. Bendor-Samuel. „Benue-Congo languages“.