Кравајче — мало слатко традиционално задоволство.

Историја уреди

Почетоците на кравајчето датираат уште од XIX век, во сите краиште на Македонија, но со различно име. Го подготвувале најмладите девојки во семејството по повод празникот Иванден (7 јули).

Рецепт уреди

  • 1250 гр. брашно
  • 1 квасец
  • 1 лимон (сок или кора)
  • 1 портокал (сок или кора)
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 пециво
  • за дополнување масло
  • по потреба вода
  • 150 гр. тврди шарени бонбони

Подготовка уреди

Најпрво во млака вода го ставаме квасецот со малку шеќер и брашно и оставаме да се активира.Лимонот и портоклаот се рендаат  и се цеди сокот. Сокот од портокалот и лимонот го ставаме во чаша од 200мл и дополнуваме со масло до потребната количина, да дојде до 200 мл. Се замесува тесто од сите состојки со додавање на млака вода, да добиеме помеко тесто, но нелепливо. Се остава да кисни околу 1 саат и се дели на 10-13 топчиња. Секое се расукува малку да добие округла форма, да биде со дебелина околу еден прст. Се украсува со виљушка, тврди бонбони и се остава да кисни. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. Додека се топли кравајчињата се премачкуваат со шербет (2 лажици шеќер се растопуваат во 30-50 мл вода).