Подмолска Река
Подмолска Река — река во Македонија, која извира под падините на Селечка Планина, односно точно во подножјето на врвот Висока (1472 м.н.в), во селото Бонче.
Подмолска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Прилеп |
Села | Подмол |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Селечка Планина |
Устие | |
• место | Црна Река |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Тек
уредиТекот на реката започнува од селото Бонче и продолжува кон селото Подмол, каде што од местото наречено Извор добива прилив на вода, односно го зголемува нивото на водата. Исто така во селото Подмол, во средишниот дел на селото, има изградено препрека, од големи камења. Самата препрека во суштина е огромен ѕид на којшто му „фалат“ неколку камења и тоа овозможува тоа место да изгледа како мал водопад. Препреката всушност е изградена во корист на мештаните, бидејќи не дозволува реката да го продлабочи и прошири своето речно корито. Течението на Подмолска Река продолжува кон битолското село Добрушево, потоа кон Чарлија и во близина на битолското село Радобор се влева во реката Црна.
Потекло на поимот
уредиИмено, реката своето име го добива по селото Подмол, од две причини, првата е што најголем водостој и реката е најбрза токму во ова село, а исто така тука е и значајната препрека за самата река. Подмолска Река зафаќа сливно подрачје од 35,55 км2.[1]