Анемари Селинко
Анемари Селинко (1 септември 1914 — 28 јули 1986) — австриска писателка која напишала голем број најдобро продавани дела на германски јазик од 1930-тите до 1950-тите. Во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна таа пребегува од Германија во Данска заедно со нејзиниот сопруг. Во 1943 година, тие повторно стануваат бегалци, но овој пат во Шведска.[1][2]
Многу од нејзините романи се преведени на повеќе јазици, а според голем дел од нив снимени се и филмови. Во нејзиното последно дело Дезире (1951) станува збор за Дезире Клари, некогашна вереница на Наполеон Бонапарт, а подоцна и кралица на Шведска и Норвешка. Романот е посветен на нејзината сестра Лизелот, која била убиена од страна на нацистите. Преведен на 25 јазика, во 1954 година романот е прикажан во филм во кој глумат Марлон Брандо и Жан Симонс.
Наводи
уреди- ↑ „Désirée (the novel by Annemarie Selinko)“. nebula5.org. Посетено на 2014-06-01.
- ↑ „Bibliopoche.com : Anne-Marie Selinko“. bibliopoche.com. Архивирано од изворникот на 2008-09-27. Посетено на 2014-06-01.