Видуше

село во Општина Маврово и Ростуше
(Пренасочено од Видуша)

Видуше (многу често сретнувано и како Видуша) — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Видуше
Видуша

Поглед на селото

Видуше во рамките на Македонија
Видуше
Местоположба на Видуше во Македонија
Видуше на карта

Карта

Координати 41°39′33″N 20°35′27″E / 41.65917° СГШ; 20.59083° ИГД / 41.65917; 20.59083
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Долна Река
Население 37 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1255
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07012
Надм. вис. 1.110 м
Видуше на општинската карта

Атарот на Видуше во рамките на општината
Видуше на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Видуше се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, меѓу десната страна на реката Радика и источната падина на планината Дешат, чиј атар се издига до сртот на планината, каде што на тесен дел се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.110 метри.[2]

Селото е сместено на средно висока тераса, над реката Радика, а под Вели Врв.[3] Оддалечено е 11 километри од општинското средиште Ростуше, 28 километри северно од Дебар и 48 километри југозападно од Гостивар.

Како месности во атарот на селото се сретнуваат следниве: Бела Вода, Осој, Аџинова Ливада, Бара, Касаново Бачило, Св. Недела, Вели Врх, Студени Извор, Лазишче, Свитурица, Биљаково, Абдиов Дол, Куќериче, Старо Село, Лопушник, Јаловарска Планина, Шутароска, Зверина, Стара Кула и Иноска.[3]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала, Пировци и Село.[3]

Историја

уреди

Видуше првпат се споменува во пописните дефтери во 1467 година како христијанско село со 4 семејства. Потоа се споменува и во 1536/39 година со 14 христијански семејства и 1 неженет. Првпат како муслиманско село е забележано во пописните дефтери од 1583 година, каде се регистрирани 10 семејства и 6 неженети.

Од месностите Куќериче и Старо Село, може да се заклучи дека селото било преместувано низ текот на годините. Селаните на Жировница, пак, споменуваат дека таму некогаш се наоѓале нивните кошари, па така настанало селото Видуше.[3]

Во XIX век, Видуше било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина 615,2 хектари, пасиштата заземаат 38,5 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 52,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948407—    
1953458+12.5%
1961225−50.9%
1971233+3.6%
1981217−6.9%
ГодинаНас.±%
1991198−8.8%
1994207+4.5%
2002185−10.6%
202137−80.0%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Видуше е село со 30 домаќинства и 75 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 320 Македонци-муслимани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Витуше се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 57 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Селото е мало и во 1961 година броело 225 жители, кои повеќето се изјасниле како Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 207 жители, од кои 92 биле Македонци, 62 Турци, двајца Албанци и 51 останат.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Видуше живееле 185 жители, од кои:[9]

* Жителите кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 2 Македонци, 1 Албанец, 9 Турци, 13 останати и 12 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Видуше:

Година Македонци Албанци Турци Ост. б.п. Вкупно
1948 407
1953 273 46 138 1 458
1961 1 0 222 2 225
1971 2 0 231 0 233
1981 4 0 50 163 217
1991 82 1 0 115 198
1994 92 2 62 51 207
2002 152 9 24 0 185
2021 2 1 9 13 12 37

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

уреди

Во Видуше отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Видуше живееле македонски муслимански родови, за чие потекло не се знае.[3]

  • Муслимански родови:
    • Во маалото Пировци (25 к.): Радоновци, Изеировци, Демировци, Ибраимовци, Зеќовци, Тафовци, Селмановци и Реџовци.
    • Во маалото Село (30 к.): Кадријовци, Медиовци, Касановци, Емруловци, Шусовци и Исовци.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Жировница, во која покрај Видуше се наоѓале и Болетин, Врбјани и Жировница. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на Општина Жировница, во која влегувале селата Болетин, Видуше и Жировница.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0475 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Џамии[13]

Личности

уреди
Родени или потекло од Видуше

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 53. Посетено на 19 април 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 април 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 19 април 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-02-07. Посетено на 19 април 2020.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди