Осман Мифтари
Осман Мифтари (роден на 15 мај 1915 година во село Видуше, Гостиварско - починал во 2000 година во Скопје) — македонски правник.[1]
Осман Мифтари | ||
Роден | 15 мај 1915 Видуше, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 2000 Скопје, Македонија | (возр. 84–85)|
Националност | Македонец | |
Народност | Албанец | |
Занимање | правник |
Животопис
уредиОсман Мифтари ја завршил Великата медреса во Скопје (1936), а потоа дипломирал на Правниот факултет во Белград (1940). Во времето на НОБ извесно време бил во логор во Приштина. По Ослободувањето бил претседател на Окружниот одбор на НФМ и повереник за финансии на Окружниот народен одбор во Скопје, потоа судија во Врховниот суд на НРМ (1947/51), претседател на Окружниот суд и претседател на Народниот одбор на Општината Гостивар (1951/60), претседател на Околискиот комитет на ССРНМ и секретар на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Извршниот совет на СРМ (1963/7), народен пратеник во Републичкиот собор на Народното Собрание на НРМ (1953-1957), народен пратеник во Народното Собрание на СФРЈ, член на Главниот одбор на ССРНМ и на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на ЦК на СКМ, член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, претседател на Врховниот суд на СРМ (1967/75) и судија на Уставниот суд на СРМ (1975/84). Бил одговорен уредник на зборникот „Збирка на судски одлуки на Врховниот суд на Македонија“ (Скопје, 1975).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мифтари“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 969–970. Text "series " ignored (help)