Ветрен (Ќустендилско)
Ветрен (бугарски: Ветрен, до 1945 г. Вѣтренъ) — село во Ќустендилско, во општината Невестино, југозападна Бугарија.
Ветрен | |
---|---|
Координати: 42°3′N 22°46′E / 42.050° СГШ; 22.767° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Ќустендилска област |
Општина | Невестино |
Површина | |
• Вкупна | 20.975 км2 (8,098 ми2) |
Надм. вис. | 969 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8 |
• Густина | 0,00.038/км2 (0,00.099/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2579 |
Повик. бр. | 07939 |
Рег. таб. | КН |
Географија и местоположба
уредиСелото Ветрен се наоѓа во географската област Пијанец, јужно од градот Ќустендил, во подножјето на планината Осогово и е единственото село поделено со границата меѓу Бугарија и Северна Македонија - јужните маала го формираат селото Ветрен во општина Делчево.
Историја
уредиЗа прв пат селото се споменува во отомански регистар од 1576 година како Ветрене. Во 1866 година селото имало 64 домаќинства и 451 жители. Од 1878 година северните маала на селото се во границите на Кнежевство Бугарија. Во 1900 година во селото било отворено училиште, а во 1913 година била изградена училишната зграда. Црквата „Свети Петар и Павле“ била изградена во 1899 година. Во 1920 година била отворена поштенска станица, а во 1926 година било формирано читалиште „Просвета“. Во 1945 година била основана кредитната задруга „Пештера“. Во 1948 година започнало интензивно пошумување на околината на селото со борови шуми. Селото било електрифицирано во 1967 година, а било водоснабдено во 1968 година.
На почетокот на XXI век, како резултат на промените во земјата по 1989 година и зголемената миграција, населението се намалува. Од 11 маало, најоддалеченото е на околу 10 километри од центарот на селото. Повеќето од нив се веќе депопулирани.
Поврзано
уреди- Ветрен — село во Северна Македонија