Читалиште
Читалиштето (бугарски: читалище) е типична бугарска јавна институција која врши едукативни и образовни функции и самодејност. Читалиштата обично се состојат од библиотека и клуб на интереси, каде што се развиваат различни активности од аматерски школи за народна и модерна музика, народни и модерни танци, спорт, странски јазици, театар, литературни читања, комеморација на општествено значајни настани и празници, организирање конференции и градски состаноци, собири. Некои од читалиштата имаат дувачки оркестар или симфониски оркестар, мешан хор и фолклорен ансамбл. До почетокот на 1990-тите, во читалиштата имало и киносали. Заклучно со јануари 2016 година, бројот на читалиштата во Бугарија бил 3.614.[1] Во декември 2017 година, бугарските читалишта беа вклучени во Регистарот на добри конзерваторски практики на УНЕСКО.[2]
Историја
уредиПрвите слични облици на народна самодејност се појавиле во 1856 година во градовите Свиштов, Лом и Шумен.
На 30 јануари 1856 година во Свиштов бил основан првото бугарско читалиште од Димитар Начович, Христаки Филчов, Емануил Васкидович и Георги Владикин.[3] Во своите мемоари и прилози Димитар Маринов раскажува дека веќе со отворањето на училиштето во Лом, над една од вратите на училишните простории каде што се наоѓала библиотеката, уште во 1848 година Крстјо Пишурка го ставил натписот „Читалиште“ над вратата. Постепено во просторијата почнале да пристигнуваат не само студенти и граѓани, туку и странци. Во 1856 година читалиштето се преселило во сопствена зграда и бил наречено „Постојаност“. Истата година, во пролетта на 1856 година, Сава Доброплодни го основал третото бугарско читалиште во Шумен, кој денес се нарекува Народно читалиште „Добри Војников - 1856“.
Првите читалишта во Македонија се појавиле во Битола (1860), Велес (1869), Крива Паланка (1869), Кукуш (1869), Прилеп (1869), Воден (1870), Солун (1874) и Скопие (1875).[4]
За времето на бугарската преродба благодарение на напорите на побогатите и попросветлените преродбеници работеле над 130 читалишта.
Наводи
уреди- ↑ „Регистър на народните читалища (база данни по град/село)“. Посетено на 14 јули 2022 г. Занемарен непознатиот параметар
|език=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ „UNESCO“. UNESCO. Архивирано од изворникот на 2022-06-16. Посетено на 14 July 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ПБЧ „Еленка и Кирил Д. Аврамови" – гр. Свищов“ (бугарски). chitalishta.com. Посетено на 30 јануари 2019 г. no-break space character во
|title=
во положба 33 (help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ Тодор Крайничанец. „Читалищното дѣло въ Македония“ (PDF) (бугарски). Библиотека „Струмски“. Посетено на 14 јули 2022 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)