Зрењанин
Зрењанин | |
---|---|
Градска зграда на Зрењанин | |
(Грб) |
(Знаме) |
Општи податоци | |
Име | Зрењанин |
Стари имиња | Велики Бечкерек, Бечкерек, Петровград |
Површина | 190,9 км² |
Население(2002) | 79.773 |
Густина | 418 ж/км² |
Надморска височина: | 77 м |
Часовен појас | UTC+1 (CET) (Летно време: UTC+2 (CEST) |
Градоначалник: | Чедомир Јањиќ |
Мрежно место: | zrenjanin.org.rs |
Местоположба | |
Држава: | Србија |
покраина: | Војводина |
Управен округ: | Среднобанатски округ |
Географски координати: |
45° 22′ 40′′ СГШ 20° 23′ 10′′ ИГД |
Ознаки на градот | |
Автомобилска ознака: | ZR |
Повикувачки број: | 023 |
Поштенски број: | 23000 |
Зрењанин — град во Србија, исто така и центар на општина во источниот дел на Србија во Војводина. Зрењанин е административен центар на Среднобанатскиот округ. Во 2002, населението во градот изнесувало 79,733 додека во општина Зрењанин населението изнесувало 132,051 жител. Зрењанин е најголем град во српскиот Банат, и трет најголем град во Војводина после Нови Сад и Суботица или шести град по големина во цела Србија.
Име
уредиГрадот е именуван по Жарко Зрењанин (1902-1942) во чест и сеќавање на неговото име. Тој е еден од водачите на Војводинските комунисти и партизани. Тој бил заробен и мачен од Нацистите со месеци. Бил ослободен, загинал при неговиот обид за бегство откако бил пак уапсен. Името на градот бил Бечкерек или Велики Бечкерек (Австроунгарска управа), од 1935 до 1946 градот се викал Петровград, во чест на Петар I.
На унгарски градот бил познат како Наѓбечкерек, германски - Гросбечкерек, романски - Бечкерекул Маре, на словачки, хрватски и русинки - Зрењанин, а на турски Бештелек. Унгарското име на градот Бечкерек (Becskerek) доаѓа од унгарскиот збор керек што значи шума и презимето на благородникот од XIV век - Имре Бечеј. Или во превод името на градот би бил Шумата на Бечеј.
Историја
уредиНекропола од неолитот била најдена во близина на Црна Бара во близина на Зрењанин. Градот Бекчерек бил населен во XIV век, и е првпат спомнат во 1326 г. Трговскиот град на реката Бегеј станал сопственост на српскиот принц Стефан Лазаревиќ во XIV век. Градот бил под управа на Унгарија сè до 1551 година кога бил заземен од Турција. Отоманската армија го зазела Бечкерек под водство на Мехмед-паша Соколовиќ, кој бил отомански државник по потекло Србин, Србите го потпомогнале Соколовиќ да го заземе градот од Унгарците. Како знак на благодарност Соколовиќ изградил прекрасни градби во градот. Исто така градот бил поделен на две маала: Српско и муслиманско со автономна градска управа. Градот бил центар на санџакот кој бил дел од Темешварскиот вилает. Во 1716 градот бил заземен од Австроунгарија. Градот посебно се развил во времето на владеењето на Марија Терезија со наредбата од 1769. Во 1753 г. градот бил населен од Срби и Германци. Во 1807 градот бил уништен од пожар и управата била префрлена во Саниколау Маре, сè додека се правела управната зграда во Бечкерек (1820) Бечкерек добил гимназија и театар во 1839 односно 1839, Во 1820 добил и градска сала, а во 1908 суд. За време на револуциите од 1848 градот бил престолнина на Српска Војводина, српски автономен регион во Австроунгарија.
Во пописот од 1910, градот имал 26006 жители од кои: 9148 зборувале унгарски, 8934 српски, 6811 германски, 456 словачки и 339 романски јазик. После Првата светска војна градот влегува во состав на Кралство Југославија, кое подоцна го менува своето име во Кралство југославија. Во пописот од 1929 граѓаните се изјасниле како: 39% Срби и Хрвати, 28% Германци, 27% Унгарци и 6% Романци. Помеѓу 1918 и 1922 центарот бил центар на округ, помеѓу 1922 и 1929 дел од Белградската област, а помеѓу 1929 и 1941 дел од Дунавската бановина. За време на Втората светска војна градот е дел од автономната област Банат кој бил во состав на Србија. Во периодот 1945-1992 Зрењанин е во делот на САП Војводина, СР Србија, а од 1992-2003 бил дел од СРЈ, која подоцна се трансформирала во Србија и Црна Гора. Денес градот е дел од Србија.
Населени места
уредиЗрењанин како општина во себе ги содржи следните населени места:
Градски населби (квартови)
уреди- Леснина
- Зелено Поље
- Центар
- Чонтика
- Четврти Јул
- Доља
- Дуваника
- Мала Америка
- Шумица
- Багљаш
- Нова Колонија
- Мужља,поранешно село, денес дел од Зрењанин
- Ружа Шулман
- Бригадира Ристиќа
- Дуваника
- Берберско
- Путниково
- Болница
- Шеќерана
- Дунавска
Демографија (попис од 2002)
уредиЕтнички групи во општината
уредиНаселениото во општината е составено од:
- Срби = 98,794 (74.81%)
- Унгарци = 14,211 (10.76%)
- Југословени = 2,559 (1.93%)
- Романци = 2,511 (1.9%)
- Роми = 2,471 (1.87%)
- Словаци = 2,403 (1.81%)
- други.
Населби по етнички состав
уредиСрпски населби се: Зрењанин, Банатски Деспотовац, Ботош, Елемир, Ечка, Клек, Книќанин, Лазарево, Лукиќево, Меленци, Орловат, Перлез, Стаиќево, Тараш, Томашевац, Фаркаждин и Чента. Унгарски населби се: Лукино Село и Михајлово. Населба со романско мнозинство е Јанков Мост. Етнички смешани населби се: Арадац (претежно Срби) и Бело Блато (претежно Словаци).
Етнички состав на градот
уредиНаселението во Зрењанин е составено од:
- Срби = 56,560 (70.9%)
- Унгарци = 11,605 (14.55%)
- Југословени = 1,948 (2.44%)
- Роми = 1,577 (1.98%)
Туризам
уредиВо Зрењанин има многу места за посета, како Градското собрание, катедралата, плоштадот, улицата Александар I. Hotelot ‘’Војводина’’ е сместен на плоштадот Слобода. Таму е туристичката информативна канцеларија во зградата на Националниот музеј.
Спорт
уредиЗрењанин има долга спортска традиција. Првите спортски клубови биле формирани во 1880. Во градот постоле ФК Пролетер Зрењанин кој постоел во преиодот 1947-2005. Денес, ФК Банат Зрењанин игра на стадионот Караѓорѓев Парк во Српска Суперлига.
Сообраќај
уредиЗрењанин повеќе нема јавен транспортен оператор заради приватизацијата. Транспортот низ Зрењанин го вршат приватни компании. Поврзан е со автобуски линии со: Нови Сад, Белград, Кикинда, Вршац и други блиски градови. Порано се користел транспортот по реката Бегеј. Во 1883 Бекчерек (Зрењанин) бил поврзан со тогашна Велика Кикинда (Кикинда) со железница.
Познати граѓани од Зрењанин
уреди- Драган Ахмедовиќ, српски композитор
- Дежо Анталфи-Жирос (Dezső Antalffy-Zsiross), унгарски оргулар и композитор
- Дејан Бодирога, српски кошаркар
- Иван Болдирев, хокеј играч
- Бранимир Брстина, српски глумец
- Бранко Чуиќ, српски кошаркар
- Жарко Чабаркапа, српски кошаркар
- Константин Данил, српски сликар со романско потекло
- Дејан Говедарица, српски фудбалер
- Владимир Ивиќ, српски фудбалер
- Ѓура Јакшиќ, српски сликар, ученик на Конастантин Данил
- Оливера Ковачевиќ, српска новинарка
- Вилмош Лазар, унгарски генерал
- Иван Ленѓер, српски пливач
- Миле Лојпур, прв југословенски рокер
- Жељко Лучиќ, баритон
- Тодор Манојловиќ, српски писател
- Мирко Милошевиќ, српски ракометар
- Звонко Нинков, српски новинар
- Зорица Новаковиќ, српска поетеса
- Маја Огњеновиќ, српска одбојкарка
- Џо Пенер (József Pintér), американски РТВ комедијант
- Снежана Периќ, српска карате натпреварувачка
- Емил Петрович (Emil Petrovics), унгарски композитор со словенско потекло
- Чедомир Попов, српски академик
- Миодраг Попов, српски новинар
- Милорад Станулов, српски борач
- Марио Шенеси (Mario Szenessy), Унгарско-германски автор
- Нада Шаргин, српска глумица
- Ивана Шпаховиќ, српска атлетичарка
- Душко Тошиќ, српски фудбалер
- Зоран Тошиќ, српски фудбалер
- Звонимир Вуин, српски боксер
- Звонимир Вукшиќ, српски фудбалер
- Рудолф Вегшајдер (Rudolf Wegscheider), австриски хемичар
Збратимени градови
уредиЗрењанин е збратимен град со: