Дејан Бодирога
Дејан Бодирога (роден на 2 март 1973 година) — поранешен српски кошаркар, кој играл на позицијата крило,[1] но исто така бил користен и како крилен центар и на бековските позиции.
|
Во својата кариера играл за екипите на Пролетер Зрењанин, Задар, Палаканестро Трст, Олимпија Милано, Реал Мадрид, Панатинаикос, Барселона и Виртус Рома. Се смета за икона на Евролигата во почетокот на 2000-тите, освојувајќи три титули во четири години во периодот 1999-2003 (две со Панатинаикос и една со Барселона) и на двапати бил избран за најкорисен играч на фајнал форот. Меѓу многуте почести, Бодирога бил избран и во 50 личности кои најмногу придонеле во Евролигата. Се смета за еден од најдобрите играчи кој никогаш не заиграл во НБА лигата.[2]
Бодирога играл за три различни репрезентации во периодот од 1991-2005: Југославија (1991-1992), СР Југославија (1992-2003) и Србија и Црна Гора (2003-2005). Со репрезентацијата на СР Југославија Бодирога освоил сребро на Олимписките игри 1996, две Светски првенства (1998 и 2002) и 3 Европски првенства (1995, 1997 и 2001).
Двапати бил прогласен за најдобар спортист на СР Југославија во 1998 и 2002 година во избор на весникот Спорт.
Титули и награди
уредиКлупски
уредиОлимпија Милано
уреди- 1995-1996
- Куп на Италија : 1
- 1996
Реал Мадрид
уреди- Куп Сапорта : 1
- 1996-1997
Панатинаикос
уреди- Грчко првенство : 3
- 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001
- Евролига: 2
- 1999-2000, 2001-2002
Барселона
уреди- 2002-2003, 2003-2004
- Куп на Шпанија : 1
- 2003
- 2004
- Евролига: 1
- 2002-2003
Наводи
уреди- ↑ Bodiroga: 2.05 m 110 кг Архивирано на 22 октомври 2017 г., Ciao.es; accessed 21 October 2016,
- ↑ „AMERIKANCI TVRDE: Bodiroga je najveći evropski košarkaš koji nije igrao u NBA“. Kurir. 31 март 2014. Посетено на 14 мај 2017.
Надворешни врски
уреди- Дејан Бодирога на fibaeurope.com
- Дејан Бодирога на euroleague.net