Квадратен километар
(Пренасочено од Км²)
Квадратен километар (симб. км² или km²) е изведена SI-единица за површина. Тој може да се дефинира како површина од квадрат со должина на страната од 1 километар (км).
Километар квадратен е еднаков на:
- 1 000 000 м²
- 100 хектари
- 0,386 102 квадратни милји
- 247,105 381 акри
Или со делење:
- 1 m² = 0,000 001 км²
- 1 хектар = 0,01 км²
- 1 квадратна милја = 2,589 988 км²
- 1 акр = 0,004 047 км²